Јужна Кореја бара обвинение за убиство за ширењето на корона вирусот


Јужна Кореја во понеделникот побара обвиненија за убиство за лидерите на тајната црква во центарот на избувнување корона вирусот во земјата, додека глобалниот број на починати се искачи на над 3.000. ужна Кореја објави 599 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број заразени се искачи на 4.335. Досега има вкупно 26 смртни случаи. Во …

Јужна Кореја бара обвинение за убиство за ширењето на корона вирусот Read More »

Вархеи очекува одлука за старт на преговорите во наредните недели


Брисел – „Европската комисијата стои цврсто на своите препораки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, и се надевам дека земјите-членки ќе донесат позитивна одлука во наредните недели“, порача еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеи по објавувањето на извештаите за напредокот на двете земји. „По усвојувањето на ревидираната методологија во февруари, денеска ги …

Вархеи очекува одлука за старт на преговорите во наредните недели Read More »

Пит Бутиџиџ се откажа од претседателската трка во САД


Пит Бутиџиџ ја заврши својата кампања за номинација за претседател кај демократите со повик сите заедно да се приклучат во нивната борба да го победат Доналд Трамп на изборите. 38-годишниот поранешен градоначалник на Саут Бенд никогаш не бил на државна функција, но направи силен успех на примарните избори во Ајова, каде победи тесно пред Берни …

Пит Бутиџиџ се откажа од претседателската трка во САД Read More »

Европскиот туризам губи милјарда евра месечно поради короната


Избувнувањето на епидемијата со корона вирусот, која ги приземји кинеските туристи, го чини европскиот туризам околу една милијарда евра месечно, изјави денеска еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон. „Кинеските туристи не доаѓаат во Европа уште од јануари. Тоа значи загубени два милиони ноќевања. Тоа се една милијарда евра по месец од јануари“, изјави Бретон за телевизијата …

Европскиот туризам губи милјарда евра месечно поради короната Read More »

Последици од корона висрусот: продажбата на автомобили во Кина падна за 92 отсто


Продажбата на автомобили во Кина пропадна за 92 отсто, бидејќи корона вирусот предизвикува хаос во автомобилската индустрија. Асоцијацијата на патнички автомобили во Кина (CPCA) соопшти дека „едвај некој“ барал да купи возила во првата половина на февруари. Повеќето дилери останаа затворени како мерка на претпазливост. Падот на домашната продажба – намалена за 96% во првата …

Последици од корона висрусот: продажбата на автомобили во Кина падна за 92 отсто Read More »

Чулев го обвини Спасовски дека ја попречувал работата на техничката влада


Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска пред Јавното обвинителство изјави дека  техничкиот премиер Оливер Спасовски ја попречувал работата на техничката влада, па постојат сомненија за кривично дело фалсификување на службена исправа и злоупотреба на службената положба и овластување. Тој го повика ОЈО веднаш да преземе дејствија за обезбедување на доказите и да спроведе истрага, …

Чулев го обвини Спасовски дека ја попречувал работата на техничката влада Read More »

За Заев, Мицкоски е стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ


Лидерот на СДСМ оцени дека една партија, како неговите главни политички опоненти, која е многу расипничка не може да ја води државата. Во подолгиот статус објавен на Фејсбук, Зоран Заев напиша: „Христијан Мицкоски е стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ. Најрасипничката партија со милионски долгови не може и нема да ја води државата! Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар …

За Заев, Мицкоски е стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Еди Рама не очекува ништо од самитот на ЕУ во март


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не очекува ништо од самитот во март, на кој лидерите на ЕУ треба да се вратат на прашањето за проширувањето и пристапувањето на неговата земја во блокот. „Да не зборуваме за датуми и месеци. Март не постои“, рече тој пред новинарите во Брисел кога го прашаа за можноста на …

Еди Рама не очекува ништо од самитот на ЕУ во март Read More »

Заев: СДСМ има уникатно право кого ќе избере од албанскиот блок


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека неговата партија има уникатно право да избере со која партија во албанскиот политички блок ќе влезе во предизборна и постизборна коалиција. Овој пристап тој го образложи во интервју за гостиварската телевизија Глоби. „Концептот ‘Едно општество за сите’ го препознаа граѓаните и застанаа зад мене и јас сум единствен …

Заев: СДСМ има уникатно право кого ќе избере од албанскиот блок Read More »

Џафери контра Димовски: Згрешив, не е крај на светот


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги отфрли како неточни тврдењата изнесени од ВМРО-ДПМНЕ дека Законот за јавно обвинителство и Законот за измени и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители се донесени спротивно на процедурата. Тој на денешната прес-конфeрeнција нагласи дека како претседател на Собранието има обврска да го поништи гласањето доколку има реакција …

Џафери контра Димовски: Згрешив, не е крај на светот Read More »

Независните пратеници со фронтален напад кон поранешните колеги од ВМРО-ДПМНЕ


Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ денеска, бранејќи го Предлог-законот за јавно обвинителство, влезе во отворен конфликт со поранешните колеги од ВМРО-ДПМНЕ. Кој е виновен за настаните на 27 април, кој ги насочувал насилниците тој ден, кој го упропастува ВМРО-ДПМНЕ и кој работи по налог на Мијалков беа само дел од темите на кои се конфронтираа …

Независните пратеници со фронтален напад кон поранешните колеги од ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Цукерберг се согласи Фејсбук да плаќа повеќе даноци во странство


Марк Цукерберг, главен извршен директор на Фејсбук, прифаќа дека неговиот гигант за социјално вмрежување може да плати повеќе даноци надвор од Соединетите Држави, како дел од глобалното промена на тоа како технолошките гиганти плаќаат даноци, според извадоци на забелешки што ги виде „Политико“ од говорот што тој ќе го даде в сабота. Говорејќи на Конференцијата …

Цукерберг се согласи Фејсбук да плаќа повеќе даноци во странство Read More »

Дескоска се откажала од говорот за да заштеди време и да не предизвика лавина реплики  


Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, на денешната собраниска седница на која почна расправата за Предлог-законот за јавно обвинителство, се откажала од збор за да заштеди време и да не предизвика реплики од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ваквото образложение таа го даде преку својот Фејсбук профил, откако координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски од собраниската говорница ја …

Дескоска се откажала од говорот за да заштеди време и да не предизвика лавина реплики   Read More »

„Треска“ нема да биде парк, но не смее да стане ниту бетонска џунгла


Просторот на некогашната фабрика „Треска“ во Скопје нема да стане парк, како што сакаат граѓаните, но не смее да стане ниту бетонска џунгла, како што посакуваат сопствениците на парцели. Уредувањето на просторот деновиве е жешка тема во јавноста, која преку Советот на Општината Центар бара таа да се уредува на конкурс. Точката веќе двапати се …

„Треска“ нема да биде парк, но не смее да стане ниту бетонска џунгла Read More »

СДСМ: Милошоски се плаши од владеење на правото


Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на собраниска комисија прочита транскрипт од снимка на која, наводно, се зборува за финансирањето на затворената телевизија 1ТВ, СДСМ го повика сите докази што ги имал да ги предаде до надлежните институции. „Ако се толку уверени во своите лаги, итно нека поднесат сѐ што имаат како материјали до институциите, …

СДСМ: Милошоски се плаши од владеење на правото Read More »

Лазаров откри како ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите во општина Центар


Неколку години по почетокот на судењето за насилствата во општина Центар од 2013 година, полека се вообличува рамката како биле организирани и спроведени протестите. Томислав Лазаров, кој тогаш беше претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Центар и координатор на советничката група во општинскиот совет, на денешното рочиште објасни како се создавала инфраструкурата за протестите и …

Лазаров откри како ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите во општина Центар Read More »

СДСМ наспроти десниот популизам


НАНО РУЖИН За помалку од дваесетина години левицата и десницата во Северна Македонија целосно се трансформираа како во стратешко-идеолошка така и во кадровска смисла. Од  стекнувањето на независноста, левицата ја представуваше СДСМ, додека десницата се препознаваше низ идеолошката матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа еволуција не е исклучиво македонска. Слични партиски корелации се случуваат насекаде во Европа и …

СДСМ наспроти десниот популизам Read More »

Македонија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО


Со постапка невообичаена за зовриената македонска политика, Собранието денеска едногласно го ратификуваше протоколот за членство во НАТО пред да се распушти во наредните денови. За ратификацијата гласаа 114 пратеници и со тоа заврши македонскиот пат за членството во Алијансата, а сега уште Шпанија треба да го ратификува протоколот и Македонија целосно да ја заврши целата …

Македонија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО Read More »

Заев го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека им се заканува на пратеници


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конфренција објави дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ. како и дел од пратениците на партијата .вршат голем притисок врз некои од пратениците да не гласаат за законот за јавно обвинителство. Според него, тој притисок бил и десеткратно поголем од оној кога требаше да се гласаат уставните измени. Заев тврди …

Заев го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека им се заканува на пратеници Read More »

Што е подобро да изберете – тиранин или олигарх


РОБЕРТ РАЈХ Не го видовме неговото име на ниту едно од гласачките ливчиња во првите четири американски држави, но тоа ќе се промени. Зборувам, се разбира, за мултимилијардерскиот претседателски кандидат Мајкл Блумберг. Блумберг има шанса да го освои претседателството затоа што неговата нето вредност е повеќе од 60 милијарди американски долари. Годишниот поврат на 60 …

Што е подобро да изберете – тиранин или олигарх Read More »