Симон Трпчески со „Камерен музички десерт“ вечер во Македонската филхармонија
Македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески вечер ќе одржи концерт во Македонската филхармонија во Скопје со програмата „Камерен музички десерт“. Концертот ќе почне во 20 часот, а публиката ќе има можност да проследи програма составена од дела на Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович, автори чија музика припаѓа на различни епохи и стилски изрази. […]