Олимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“


Македонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со ООУ „Владо Тасевски“ од општина Карпош, денеска го одбележа Светскиот ден на детето со програма посветена на играта, дружењето и олимписките вредности. По тој повод, претседателот на МОК, Даниел Димевски и Петар Спасеновски, раководител на Секторот за спорт и спортски прашања при МОК, ги посетија учениците, кои им […]

Македонија го доби противникот во баражот за опстанок во Лига Б од Лигата на нации


Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со Кипар во баражот за опстанок во Лига Б од Лигата на нации. Првиот натпревар ќе се одигра на гостински терен, на 25 март 2027 година. Реваншот е закажан за 30 март во Македонија.

Левандовски, Гризман и Емболо меѓу петте најплатени фудбалери во МЛС


Њујорк – Полјакот Роберт Левандовски, Французинот Антоан Гризман и Швајцарецот Брил Емболо се меѓу петте најплатени играчи во МЛС лигата откако се преселија во американскиот фудбал ова лето. Левандовски има основна плата од 16 милиони долари во Чикаго, додека неговата вкупна загарантирана заработка изнесува 19,51 милиони долари, објави синоќа Здружението на играчи на МЛС во […]

Алкалоид поуспешен од Еурофарм Пелистер во дербито


Во дербито од 11. коло во македонската Суперлига, вечерва на домашен терен, ракометарите на Алкалоид го совладаа Еурофарм Пелистер со 30-28. Битолскиот тим, кој во вторникот го совлада Магдебург во Лига Европа, добро го почна натпреварот во скопска Автокоманда и предводен од капитенот Филип Кузмановски поведе со 3-1. Составот на Кирил Лазаров одговори со серија […]

Србинот Дејан Мијатовиќ нов тренер на МЗТ Скопје


Српскиот стратег Дејан Мијатовиќ е назначен денеска за нов тренер на актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром. Клупското раководство, како што е соопштено, го официјализираше договорот со искусниот тренер, а заедно со него доаѓа и неговиот помошник Иван Дробњак. Мијатовиќ седнува на клупата на МЗТ Скопје на местото на Васко Атанасов, со кого клубот […]

Компани се враќа на клупата на Баерн


Тренерот на минхенски Баерн Винсент Компани изјави денеска дека ги надминал здравствените проблеми и повторно ќе седне на клупата в петок, кога актуелниот германски првак му гостува на Келн во првото бундеслигашко коло по двонеделната репрезентативна пауза. Четириесетгодишниот Компани беше хоспитализиран минатиот месец кога му се слоши додека го следеше тренингот на вториот тим на […]

Поранешниот тренер на Пандев во преговори за селектор на Македонија


Турскиот тренер Хамза Хамзаоглу започнал разговори со Фудбалската федерација на Македонија за преземање на функцијата селектор на националниот тим, објавија турски медиуми. Информацијата ја пренесуваат „Ајанспор“ и други турски спортски портали, повикувајќи се на новинарот Решат Џан Озбудак. Хамзаоглу има 56 години, а македонската јавност го памети и по периодот кога беше тренер на Галатасарај, […]

Чешка забрани влез на руските спортисти


Прага – Министерот за внатрешни работи на Чешка Љубомир Метнар изјави на дека руските спортисти нема да им биде дозволено да влезат во земјата која во јануари ќе биде домаќин на Светското женско првенство до 18 години во хокеј на мраз. Метнар повтори во изјава за чешката телевизија дека владата нема да издава визи на […]

Германија ја поддржа кандидатурата на Дијало


Берлин – Германската фудбалска федерација (ДФБ) во целост ја поддржува кандидатурата на Филип Дијало за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), изјави денеска првиот човек на германскиот фудбал Бернд Нојендорф. Извршниот одбор на Француската фудбалска федерација во вторникот едногласно ја поддржа кандидатурата на својот претседател, кој ќе го предизвика Џани Инфантино на изборите закажани за 18 […]

Покетино сака три засилувања во јануари


Новиот тренер на Манчестер Јунајтед Маурисио Покетино сака да го засили тимот во јануарскиот преоден рок со лев бек, централен дефанзивец и напаѓач, јавија вечерва англиските медиуми. Потенцијалните засилувања се централниот дефанзивец на Евертон Џарад Брантвејт (24), левиот бек на Фулам Антони Робинсон (29), неговиот соиграч Калвин Баси, кој може да игра како лев бек […]

Алкараз го совлада Медведев на завршниот Мастерс


Треторангираниот светски тенисер, Шпанец, Карлос Алкараз, триумфираше попладнево над Русинот Данило Медведев (АТП-5) со 6:2, 6:4, во дуел од второто коло од групата „Иван Лендл“ на завршниот Мастерс во Торино. Алкараз до победата дојде по еден час и девет минути. Шпанецот три пати го одзеде сервисот на рускиот тенисер, додека Медведев не освои ниту еден […]

Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Мундијалот 2027


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, денес го објави поширокиот список со играчи кои ќе конкурираат за настап на Светското првенство 2027. На списокот на Лазаров се наоѓаат: Голмани: МАРТИН ТОМОВСКИ, ВАСИЛ ГОГОВ, НИКОЛА МИТРЕВСКИ, ИВАН ГАЛЕВСКИ и МАРКО КИЗИЌ. Леви бекови: ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ, ДМИТРО ГОРИГА, ПАВЛЕ АТАНАСИЈЕВИЌ, МИХАЈЛО МЛАДЕНОВИЌ и ЕМИЛИЈАН ЃОРГОСКИ. Средни […]

Македонија со пад од две позиции на ФИФА листата


Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од две позиции на најновата ранг-листа на ФИФА, по двата порази во ноемврискиот репрезентативен прозорец. По неуспесите против Шкотска (1-2) и Словенија (0-3), избраниците на Гоце Седлоски сега се наоѓаат на 73-тото место во светскиот поредок. На врвот на листата на ФИФА се наоѓа селекцијата на Шпанија, пред Аргентина и […]

Тајгер Вудс се враќа на натпреварите за првпат од 2024 година


Вашингтон – Американскиот голфер Тајгер Вудс ќе продолжи со турнирските настапи по пауза од повеќе од две години, објави „PGA Tour“. Педесетгодишниот Вудс ќе се натпреварува на „Hero World Challenge“, што ќе се одржи од 3 до 6 декември на Бахамите. Вудс доби посебна покана од спонзорите и беше меѓу последните 20 учесници на настанот, […]

Познати сите учесници во плејофот на Лигата на нации


Нион – Одредени се сите учесници во плејофот на Лигата на нации на УЕФА за сезоната 2026/27. Последниот учесник во плејофот стана Норвешка, која синоќа ја победи Данска со 3:2 во шестото коло од групната фаза. Данска на крајот заврши трета во групата А-4 и не се квалификуваше за плејофот. Учесници во плејофот на Лигата […]

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА


Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Козо Ташима, поднесе кандидатура за претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), објави Ројтерс. Шеесет и осумгодишниот Јапонец ја обезбеди потребната поддршка од пет национални фудбалски федерации за номинација.  Претходно, претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, ја објави својата намера да се кандидира за претседател, откако доби поддршка од […]

Формула 1 се согласи да ги врати V8 моторите


 Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и производителите на погонски склопови постигнаа принципиелен договор за враќање на V8 моторите во Формула 1, објави „The ​​Race“. Се очекува, тимовите ќе се префрлат на турбополнети 2,1-литарски V8 мотори. Се очекува новите погонски склопови да бидат полесни, полесни за производство и поевтини од сегашните V6 мотори. Се планира и намалување […]

Македонските млади фудбалери У17 и покрај поразот продолжуваат во елитните квалификации


 Македонска фудбалска репрезентација за играчи до 17 години со пораз 0:3 од своите врсници од Турција го заврши настапот во квалификациската група 11 на второто место и на тој начин избори место во елитните квалификации. Стрелци на головите за Турција беа: Дениз, Кабакташ и Сиваслиоглу. Денешниот пораз не влијаеше на конечниот пласман на македонските надежи […]

Во Битола кај Еурофарм Пелистер гостува Гумерсбах


 Ракометарите на македонскиот претставник во ЕХФ Лига Европа битолски Еурофарм Пелистер вечерва го играат дуелот од 4.коло во групата, а гостин е бундеслигашот Гумерсбах. Германскиот тим во Битола доаѓа како лидер на групата со четири бодови, додека битолчани имаат само еден бод и од таа причина победата е голема желба на сите во клубот. –  […]

Седлоски: Не знам што се случува кога играме дома, без желба и без мотив


 Македонската фудбалска репрезентација со шест порази во исто толку натпревари ги заврши натпреварите од групата Б1 во Лигата на нациите. По поразот синоќа во Скопје од Словенија со 0:3, на прес конференцијата селекторот Гоце Седлоски изјави: –  Морам да се извинам во мое име и во име на играчите за овие натпревари во Лигата на […]