Македонија со пад од две позиции на ФИФА листата


Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од две позиции на најновата ранг-листа на ФИФА, по двата порази во ноемврискиот репрезентативен прозорец. По неуспесите против Шкотска (1-2) и Словенија (0-3), избраниците на Гоце Седлоски сега се наоѓаат на 73-тото место во светскиот поредок.

На врвот на листата на ФИФА се наоѓа селекцијата на Шпанија, пред Аргентина и Франција. Во првата „петорка“ се и Англија и Мароко, а потоа следуваат Португалија, Бразил, Белгија, Холандија и Колумбија.