Бојко Борисов: Бугарија полека се лизга кон диктатура


Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов ги обвини владејачките структури за вршење притисок врз општините, го опиша новиот Висок судски совет (ВСС) како „политичка конструкција“ и ги повика домаќинствата да се подготват за можни прекини во испораката на основните услуги. Според него, Бугарија трпи значителна економска штета поради ризиците за поморскиот транспорт во Црното Море, додека […]

На Вучиќ му се закануваат до осум години затвор поради дилот со Кушнер


Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, лично притискал врз службениците да го расчистат патот за хотелот на Доналд Трамп во центарот на Белград, според документи и сведоштва на сведоци што ги видел FT, откривајќи колку далеку отишол соборениот моќник за да обезбеди договор за имот поддржан од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател. Планот за […]

Убиен шеф на криминален клан во Црна Гора


  Милош Ѓуричковиќ (56), кого црногорските безбедносни служби претходно го поврзуваа со криминалниот шкаљарски клан, беше убиен утрово во местото Баице, близу Цетиње во Црна Гора, според информациите објавени од Полициската управа. Полицијата соопшти дека нашла безживотно тело Ѓуричковиќ со години ѝ беше познат на црногорската полиција и судство. Медиумите претходно го опишуваа како наводен […]

Остри зборови меѓу Хрватска и Црна Гора за границата. Отворен патот за блокада на Подгорица


  Хрватска не бара туѓа територија, но нема да се откаже од својата, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, одговарајќи му на министерот за надворешни работи на Црна Гора, кој изјави дека неговата земја нема да отстапи ниту еден дел од својата територија за време на преговорите за разграничување со Хрватска. Главен проблем е каде да […]

Eксплозија на јахта под бугарско знаме во Сани на Халкидики


При експлозија на јахта под бугарско знаме, што се наоѓала во марината Сани на првиот крак на Халкидики, повреден е единствениот патник, кој бил пренесен во болницата, информираа од крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. По експлозијата имало навлегување вода во пловниот објект, поради што се преземаат активности за нејзино испумпување, […]

Од „Руанда Орбан“ до милијарди евра: Како беа поврзани Орбан и Вучиќ


  Виктор Орбан ја користел Србија како место каде што престојувале мигранти кои Унгарија не сакала да ги прими, пишува германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ). Но, миграциската политика е само еден дел од односот меѓу поранешниот унгарски премиер и поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ. Додека на границата се подигале огради, зад сцената се развивале […]

Турција планира да бара нафта и гас покрај брегот на Пакистан


Турција планира да започне идната година со дупчење за нафта и гас покрај брегот на Пакистан. Дупчењето е планирано откако истражувачки брод „Орук Реис“ спроведе „3Д сеизмичко истражување“ на површина од 670 квадратни километри во текот на два месеца, изјави денеска министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар. Во својот говор на церемонијалниот пречек […]

Црна Гора нема да ѝ отстапи ни милиметар од територијата на Хрватска


  Црногорскиот министер за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ во петокот изјави дека Црна Гора нема да отстапи ниту еден дел од својата територија во преговорите за границата со Хрватска, но дека Подгорица сака да ги продолжи разговорите со Загреб и да ги реши отворените прашања со договор или пред меѓународни институции. „Нема да се откажеме […]

Гилфојл замина, Грција продолжува да се преориентира кон скап американски гас


Кога Кимберли Гилфојл поднесе оставка во средината на октомври, таа влезе во историјата. Со мандат од 343 дена, таа стана американскиот амбасадор во Грција со најкраток стаж досега. За поранешната водителка на „Фокс њуз“ (Fox News) и некогашна свршеница на Доналд Трамп Помладиот, нашироко се известуваше дека се заканувала оти ќе ја урне грчката влада, […]

Кос се радува на соработката со Чупиќ и парламентот на Србија


  Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, му честиташе на Александар Чупиќ за изборот за претседател на српскиот парламент. „Новоформираниот парламент на Србија има клучна улога во исполнувањето на силниот мандат што му го доверија граѓаните на Србија. Ви честитам, драг Александре Чупиќ, на изборот за претседател на Народното собрание“, изјави Марта Кос преку Икс. Таа […]

Отфрлени обвиненијата против девет студенти за уривање на уставниот поредок на Србија


  Судијата на Вишиот суд во Белград, Милош Лабудовиќ, соопшти дека се отфрлени обвиненијата против девет студенти, кои беа товарени за обид за уривање на уставниот поредок по минатогодишниот Видовденски протест. Ова уследи откако Вишото јавно обвинителство се откажа од гонењето, по одлуката на Апелацискиот суд со која клучните докази – тајните снимки направени од […]

Одржливиот туризам во фокусот на глобалната агенда: Турција ја предводеше дискусијата на COP31


Заштитата на природните ресурси и културното наследство, инвестициите во зелени технологии и примената на еколошки практики се клучните предуслови за развој на одржлив туризам. Токму овие прашања беа во фокусот на настанот „Ден на туризмот и културното наследство“, организиран од Турската агенција за промоција и развој на туризмот (TGA) во рамките на COP31 во Анталија, […]

Обилните дождови предизвикаа поплави во Херцеговина, реките над критичното ниво


 Обилните врнежи дожд во текот на ноќта предизвикаа поплави во неколку населени места во Херцеговинско-неретванскиот кантон во јужниот дел на Босна и Херцеговина. Пожарникарите интервенирале на повеќе локации за испумпување вода од објекти и патишта, како и за извлекување возила заглавени во поплавените улици, соопшти кантоналниот Оперативен центар за цивилна заштита. Најмногу интервенции имало во […]

Уапсени 15 лица во Грција кои преку фиктивни компании незаконски се стекнале со 4,8 милиони евра од поврат на данок


Атина – Инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле нов случај со даночни измами во земјата, односно била разбиена организирана мрежа од фиктивни компании кои преку фиктивни и лажни трансакции и фактури затајувале данок и барале нелегален поврат на ДДВ при што уапсени се 15 лица, меѓу кои и банкарски службеници […]

Обвинет за убиството на Данка: Признав само за да престанат да ме тепаат


Во Вишиот суд во Неготин започна судењето по опвинение за тешко убиство на двегодишната Данка Илиќ. Во делот од постапката отворен за јавноста, првообвинетиот Дејан Драгијевиќ ја изнесе својата одбрана и ја негираше вината. Тој тврди дека признанието за злосторството го дал под принуда, по брутално тепање од страна на полициски службеници во Бор. Драгијевиќ […]

Малезија ќе пресели десет илјади бегалци Рохинџи во Турција


Малезија соопшти дека ќе пресели десет илјади бегалци од малцинството Рохинџи во Турција, во рамки на програма за обука и стекнување стручни вештини. Планот што го објави малезискиот вицепремиер Ахмад Захид Хамиди, е објавен ден откако Меѓународниот суд на правдата утврди дека убиствата и широко распространетото сексуално насилство врз Рохинџите, извршени од безбедносните сили на […]

Нервозна реплика на Вучиќ во собранието: „Толку сте ми одвратен што не можам да ве гледам“


  Александар Вучиќ, лидерот на пратениците на СНС во српскиот парламент, бурно реагираше на презентацијата на Јове Бакиќ за работите на режимот во заминување и го нарече шефот на пратеничката група на Студентската листа „лажго“ и „криминалец“ кој е „дувло само по себе“. „Фактот што врескавте и рикавте хистерично е слика и пример за вашата […]

Црна Гора затвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ, вкупно 25


На меѓувладина конференција во Брисел Црна Гора привремено затвори уште две поглавја од преговорите со Европската Унија, со што бројот на затворени поглавја се зголеми на 25 од вкупно 33. Поглавјата 16 – Даноци и 22 – Регионална политика и координација на структурни инструменти се затворени, објави Советот на ЕУ. Државниот министер за европски прашања […]

Започна судењето за убиството на Данка Илиќ. Обвинетите изведени на суд со лисици


Утрово, Дејан Драгиевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за тешко убиство на двегодишната Данка Илиќ, беа изведени во Вишиот суд во Неготин под силно обезбедување. Новинарите го снимија моментот кога двајцата обвинети, со лисици и во придружба на затворски чувари, влегоа во судницата со наведнати глави. Во и надвор од судницата владее напната атмосфера, а на […]

Бранимир Јовановиќ ја фали економската програма на Студентската листа


  Програмата за економија и финансии на Студентска листа -Студентите победуваат претставува чекор во вистинска насока и поставува добри основи за идната економска политика на Србија, оцени економистот на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, Бранимир Јовановиќ. Јовановиќ посочуваи дека документот треба дополнително да се прошири и подобро да се разработи, особено во деловите за […]