Предупредување од Швајцарија и Италија: Автономни AI агенти напаѓаат критична инфраструктура


Двете служби издвоија 4 рамки за тестирање на пробојност на AI и симулација на напади што се користеа во неодамнешните инциденти – ARTEX AI, Cyberstrike AI, Deepseek harness red team и PentAGI – и ги повикаа организациите да го намалат бројот на системи изложени на интернет, да ги приоритизираат ажурирањата и да следат за необична активност. […]

Социјалната мрежа X воведува родителски контроли за тинејџери


Социјалната мрежа X воведе родителски контроли за корисници на возраст од 13 до 17 години. Родителите и старателите ќе можат да го ограничат времето што тинејџерот го поминува онлајн, да одобруваат нови следбеници и да избираат кој може да им испраќа пораки, но нема да можат да ги читаат нивните приватни пораки. X ги објави […]

(Видео) НАСА намерно удри со вселенско летало во астероид за да утврди дали може да му ја промени траекторијата


  Првите снимки од астероидот во кој НАСА намерно удри со вселенско летало открија кратер со големина на стадион на неговата површина. Значителното оштетување настана во 2022 година, кога вселенското летало на НАСА се судри со астероидот Диморфос. Иако астероидот не претставуваше закана за Земјата, целта на мисијата беше да се тестира систем за планетарна […]

Научниците генетски модифицираа растение слично на тутун за лек против рак – оној што деновиве недостига на Онкологија кај нас


Научниците успеаја генетски да модифицираат растение слично на тутун за да произведат паклитаксел, скап и тешко достапен лек што се користи за лекување на разни видови рак. Истражувачки тим предводен од Сотириос Кампранис од Универзитетот во Копенхаген во Фредериксберг ги презентираше резултатите од своето истражување во научното списание Nature Chemical Biology во ноември. Паклитакселот е […]

Google гаси една од омилените апликации: Милиони корисници остануваат без поддршка


Google потврди дека во 2027 година ќе ги исклучи апликацијата Nest и класичниот Google Assistant на паметните домашни уреди, додека нивната улога целосно ќе ја преземат Google Home и напредниот AI асистент Gemini. Во својот препознатлив стил, интернет гигантот не може да се одлучи околу работи што најчесто се сведуваат на семантика и маркетинг на […]

„Персеверанс“ и „Одисеј“ ја прекинаа научната работа на Марс поради дефекти


  Роверот „Персеверанс“ на НАСА и орбитерот „Марс Одисеј“ привремено ги прекинаа научните активности поради технички проблеми. Има проблеми со двата UHF радиоапарати на роверот и со едно од реакционите тркала на орбитерот. Како што објави НАСА во четврток, проблемите со „Персеверанс“ започнаа на 30 октомври, кога роверот се вклучи за дневни операции. Неговото главно […]

Две вселенски летала стигнаа до Меркур. Патуваа осум години


Пo осум години вселенско патување, мисијата БепиКоломбо пристигна на својата дестинација. Двете вселенски летала, во заеднички проект на европските и јапонските вселенски агенции вреден околу две милијарди долари, успешно влегоа во орбитата на Меркур. Европската вселенска агенција (ЕСА) потврди дека клучниот маневар е извршен во сабота, 21 ноември, со што мисијата ја донесе најмалата планета […]

Пет знаци кои откриваат дека детето е на мета на предатори на интернет


Организацијата за заштита на децата „Чајлдхелп“ предупреди во февруари 2026 година за луѓе кои се обидуваат да контактираат со деца преку социјалните мрежи и онлајн игри со цел да ги експлоатираат. Тие често ги контактираат преку разговори во играта, преноси во живо или апликации за пораки, а потоа се обидуваат да ја стекнат нивната доверба […]

„Nissan“ ги претвора отфрлените листови од ананас во издржливи каросериски делови


Првиот процес во светот за вткајување влакна од листови од ананас во композитен материјал за автомобилски каросерии е развиен во соработка меѓу „Nissan“ и „Food Reborn“, а би можел да најде широка примена. „Nissan Motor“ и „Food Reborn“ заеднички ги развија првите каросериски делови изработени од пластика зајакната со природни влакна („NFRP“) добиени од листови […]

 „Речникот на Кембриџ“ го прогласи зборот „човек“ (human) за збор на годината


 „Речникот на Кембриџ“ го прогласи зборот „човек“ (human) за збор на 2026 година, истакнувајќи дека развојот на вештачката интелигенција поттикнува нов интерес за тоа што ги разликува луѓето од машините. „Речникот“ го дефинира поимот „човек“ како: поседување квалитети, недостатоци и чувства својствени за луѓето – коишто го разликуваат од боговите, животните или машините, објави денеска […]

Каква сцена во Индија! Принцот Вилијам возеше електрична рикша, Кејт седеше зад него


Во вторник, британскиот принц Вилијам пристигна во електрична рикша, во која неговата сопруга Кејт Мидлтон се возеше на задното седиште, за да се сретне со финалистите за наградата за борба против климатските промени, чии добитници ќе бидат објавени подоцна во текот на денот. Принцот Вилијам и принцезата Кејт се повторно заедно на големо меѓународно патување. […]

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“


Старбејс – Компанијата „СпејсИкс“ успешно го прифати горниот сегмент на ракетата „Старшип“ на враќање на Земјата по пробниот лет во вселената. Околу 20 часа по лансирањето, „Старшип“ се врати во вселенскиот центар „Старбејс“ во јужен Тексас, каде што механичките раце успешно го прифатија сегментот на лансирната рампа. Станува збор за прва успешна проба на компанијата […]

Фолксваген сè уште заработува помалку пари од електрични возила отколку што би сакал


Фолксваген забележува зголемен интерес на европските клиенти за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал. Според податоците од групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, […]

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето


Американската вселенска компанија „СпејсЕкс“ синоќа доживеа неуспех при уште еден тест-лет на џиновската ракета „Старшип“. Тестот предвидуваше механичките раце на лансирната кула да ги фатат двата степени на ракетата, но долниот сегмент познат како ракетен забрзувач „Супер Хеви“ наместо да биде прифатен од лансирната кула како што беше планирано, се спушти во морето и се […]

„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин


 „Мајкрософт“ соопшти дека целосно ги обновил услугите на платформите „Тимс“, „Аутлук“, „Копилот“ и другите апликации, со што заврши глобалниот прекин што повеќе од 24 часа ја оневозможуваше интернет-комуникацијата на компании и владини институции. Компанијата на платформата „Икс“ објави дека ги завршила активностите за отстранување на причината за проблемот и повторно воспоставила услуги за сите преостанати […]

Мајкрософт ја откри причината за падот на услугата: Се појави проблем за време на надградба на мрежата


Мајкрософт им се извини на корисниците и партнерите за големиот пад на услугата. Компанијата објави дека причината е технички проблем што се појавил за време на претходната надградба на мрежните капацитети, а не сајбер напад или вештачка интелигенција. „Длабоко ни е жал за проблемите што овој инцидент им ги предизвика на нашите корисници и партнери. […]

Историски преседан над Арктикот: Поларниот вртлог се сруши најрано откако се вршат мерења


Најраното ненадејно стратосферско затоплување во запишаната историја е забележано над Арктикот оваа недела, со колапс на поларниот вртлог. Климатските симулации укажуваат на можен постуден и поснежен декември во Европа, но сегашните прогнози сè уште не го потврдуваат ова. Метеоролозите со недели предупредуваат за можен рекордно ран колапс на поларниот вртлог, а анализата за 11 ноември […]

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми за корисниците на „Аутлук“ и „Тимс“


Вашингтон – Услугите на „Мајкрософт“, меѓу кои „Аутлук“ и „Тимс“, вчера беа околу десет часа во прекин, а технолошкиот гигант се соочуваше со проблеми при отстранувањето на дефектите на одделни сервери. Со прекинот беа засегнати компании и државни институции ширум светот кои ги користат односните популарни платформи. Според последните информации, „Мајкрософт“ соопшти дека отстранувањето на […]

Огромни субвенции: Дури 1,72 милијарди евра за електрични автомобили


Во 2027 година, Германија планира да издвои 1,72 милијарди евра за субвенционирање на купување електрични возила, што е дури за 917 милиони повеќе од првично предвидениот износ. Според предлогот на Министерството за финансии на Германија што го виде Ројтерс, буџетските средства за субвенции треба да се зголемат повеќе од двојно во споредба со првично планираните […]

НАСА бара нови астронаути за мисии на Марс и на Месечината


НАСА објави конкурс за нова генерација астронаути кои би можеле да учествуваат во идните мисии на Месечината и на Марс. Избраните кандидати ќе добијат можност еден ден да живеат и да работат на Месечината, а годишната плата изнесува 164.395 долари, односно приближно 147.000 евра. Пријавите се отворени до 3 декември Раководителот на НАСА, Џаред Ајзакман, […]