Испратете го вашето име до Сатурновата месечина Титан со вселенското летало „Драгонфлај“


Американската вселенска агенција НАСА ја поканува јавноста да ги испрати своите имиња до Сатурновата месечина Титан, кои ќе бидат напишани на микрочипот на вселенското летало „Драгонфлај“. Името се внесува на посебна страница на НАСА, а секој учесник добива персонализирана дигитална карта за влез како сувенир. Апликациите се отворени до 15 јануари 2027 година во 23:59 […]

Водечката астрофизичарка ги напушти САД по намалувањата на Трамп во науката, се пресели во Холандија


Кели Холи-Бокелман, експерт за гравитациски бранови и поранешна претседателка на Советодавниот комитет за астрофизика на НАСА, го напушти Универзитетот Вандербилт и ја продолжи својата кариера во Холандскиот институт за вселенски истражувања (SRON) во Лајден, пишува Њујорк Тајмс. Холи-Бокелман (55) за Њујорк Тајмс раскажува дека не очекувала дека на врвот на својата кариера ќе мора да […]

Анимацијата на НАСА активира аларми на Земјата: Планетата се затоплува, мапата станува поцрвена


Анимација на НАСА покажува како се промениле температурите на Земјата од 1880 година. Минатата година беше за 1,19 степени Целзиусови потопла од просекот од 1951-1980 година, а концентрацијата на CO2 во атмосферата достигна рекордни 426,8 делови на милион. Анимацијата е создадена од Студиото за визуелизација на науката на НАСА врз основа на податоци од Институтот […]

ЕУ утврди дека ТикТок претставува ризик за менталното здравје на корисниците, се заканува со казна


ТикТок ги прекршува законите на Европската Унија, континуирано изложувајќи ги корисниците на содржини кои би можеле да наштетат на нивната добросостојба и нивното ментално здравје, покажуваат прелиминарните констатации на Европската комисија. – Секогаш кога корисникот прелистува или лајкува видео на ’ТикТок‘, алгоритмот нуди повеќе од истата содржина, по што корисниците паѓаат во замки од кои […]

Во САД останаа само 76 орки. Сега се обидуваат да ги спасат со помош на вештачка интелигенција


Последните 76 единки од загрозената популација на таканаречените јужни китови убијци пристигнаа во морето Салиш во септември. Секоја година, оваа единствена група орки влегува во Адмиралскиот Теснец и се упатува кон Пјуџет Саунд во државата Вашингтон во потрага по кралски лосос. Но, екстремно прометните бродски линии создаваат огромна подводна бучава што се меша во нивниот […]

Научниците во ЦЕРН пронајдоа докази за исклучително редок распад на субатомска честичка


Физичарите од меѓународниот експеримент „LHCb“, кој се спроведува во рамки на Големиот хадронски судирач (LHC) во ЦЕРН, соопштија дека пронашле докази за исклучително редок распад на субатомска честичка, по кој трагаат повеќе од четири децении. Станува збор за распад на мезонот B0, краткоживеечка честичка која содржи b-кварк, на два миона – потешки честички слични на […]

Дилемата на новото време: Паметни очила со диоптер – да или не?


Паметните очила напојувани од вештачка интелигенција стануваат сè попопуларни, но и поконтроверзни. На пример, во Германија веќе е поднесена кривична пријава против компанијата Meta Platforms за кршење на приватноста. Ако носите очила секој ден, веројатно веќе сте се запрашале дали можете да ги замените вашите очила со диоптер со пар очила со вештачка интелигенција. Краткиот […]

Кометата што стигна до нас можеби е стара дури 12 милијарди години


Кометата 3I/ATLAS, која пристигна во нашиот Сончев систем од меѓуѕвездениот простор, може да содржи материјал стар дури 10 до 12 милијарди години. Нова анализа на податоци од вселенскиот телескоп Џејмс Веб откри необичен хемиски состав што сугерира дека се формирала во екстремно ладна средина, долго пред нашиот Сончев систем. Меѓуѕвездените комети се од особен интерес […]

Младите луѓе користат уред за кој мислевме дека е исчезнат


Генерацијата која порасна со паметни телефони и бесконечни услуги за стриминг неочекувано откри уред постар од повеќето свои членови. iPod-от, иконскиот музички плеер на Apple кој беше официјално повлечен од пазарот пред четири години, се враќа. Причините не се само носталгични. Кога Apple го прекина iPod-от во 2022 година, се чинеше како крај на една […]

Нобеловецот Пол Кругман: Интернетот би можел да стане затворена заедница, а ние посиромашни


Американскиот економист и добитник на Нобелова награда Пол Кругман предупреди дека хакерите со помош на вештачката интелигенција (ВИ) би можеле да го принудат светот да го замени отворениот интернет со затворени мрежи, слични на оградени населби, а тоа би можело да нè направи посиромашни во наредните години. Кругман го напиша ова во текст објавен на […]

Гувернерката на Њујорк потпиша закон за заштита на децата од чет-ботови со вештачка интелигенција


Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, потпиша закон насочен кон заштита на децата од штетните ефекти на чет-ботовите со вештачка интелигенција. Законот бара од компаниите што развиваат вештачка интелигенција да ја потврдат возраста на корисниците. Компаниите ќе мора да им понудат на корисниците барем еден метод за верификација што не се потпира целосно на официјални документи […]

Компанијата „Каубој Спејс“ ја претстави ракетата „Биг Ајрон“


  Каубој Спејс, со седиште во Калифорнија, предводена од коосновачот на „Робинхуд“, Баиџу Бхат, ја претстави својата ракета „Биг Ајрон“. Компанијата има намера да управува со констелација од 20.000 центри за податоци со вештачка интелигенција во ниската Земјина орбита (ЛЕО). Има намера да ги произведува овие сателити со свои капацитети и ќе ги лансира во […]

Програмата за заеднички вселенски летови меѓу Русија и САД продолжена до 2030 година


 Програмата за заеднички летови до Меѓународната вселенска станица (МВС) е продолжена до 2030 година на барање на американската страна, изјави денеска генералниот директор на руската државна вселенска корпорација Роскосмос, Дмитриј Баканов. – И тие нè превезуваат нас, а ние нив, секако. Имаме програма за заеднички летови која, на барање на нашите американски колеги, е продолжена […]

НАСА го откри деталниот план за мисијата „Артемис 3“


Американската вселенска агенција НАСА го даде најдобриот увид досега во пробниот лет на лунарниот модул за мисијата „Артемис 3“. За време на прес-конференцијата во Вселенскиот центар „Кенеди“, НАСА презентираше детален концепт на операции за мисијата „Артемис 3“, нагласувајќи колку е важен овој лет за нејзините планови за враќање на Месечината и колку ќе биде предизвикувачки […]

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар


Истражувачи на „Мајкрософт“ објавија дека алатката за вештачка интелигенција (ВИ) што дијагностицира болести чекор по чекор, како што прават лекарите, е повеќе од двојно попрецизна од општите лекари во решавањето на сложени медицински случаи, се наведува во студија објавена во списанието „Сајенс“ (Science). Според студијата, моделот одредува кои прашања треба да му се постават на […]

Зошто популарниот програмски јазик предизвика глобална битка за кибер безбедност?


 Повеќе од една деценија, сериозните недостатоци во технологијата што го поткрепуваше поголемиот дел од интернетот остануваа неоткриени, а беше потребна вештачка интелигенција (ВИ) за да ги открие и да предизвика глобално предупредување за кибер безбедност. Ранливостите се во програмскиот јазик наречен PHP (популарен скриптен јазик за општа намена, кој овозможува функционирање на сè – од […]

БиХ: Веќе 27 години работи во иста фирма – компанијата ѝ подари стан


Многу е поедноставно да се промени работата отколку да се промени станот во кој живееме. Сепак, приказната на Љиљана Бабиќ покажува дека постојат и обратни ситуации. Таа не ја променила работата 27 години, а новиот стан ѝ го дала компанијата за која работи, Лебуриќ-Комерц од Прњавор, БиХ. Љиљана Бабиќ се вработила во Лебуриќ-Комерац кога компанијата […]

Фолксваген планира да ги замрзне платите до 2030 година


Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ планира да ги замрзне платите на голем дел од своите вработени низ целиот свет до 2030 година како дел од својата програма за штедење, објави весникот „Зидојче цајтунг“ во своето денешно издание, повикувајќи се на интерни документи. Според публикацијата, одбивањето да се зголемат платите може да доведе до пад на […]

Потрагата по остатоците од авионот на Амелија Ерхарт заврши без успех


Потрагата по урнатиот авион на Амелија Ерхарт од нејзиниот лет околу светот во 1937 година заврши без успех, соопштија денеска истражувачите, пренесе ДПА. Истражувачите отпатуваа до далечниот остров Никумароро, дел од архипелагот Кирибати во Тихиот Океан, за да го истражат таканаречениот „објект Тараиа“ (Taraia Object), забележан во лагуна на аеромагнетски и сателитски снимки во 2020 […]

(Видео) „Тесла“ претстави нешто што го нарекува „летечки автомобил“


Автомобилот на „Тесла“ се паркираше на врвот од превртена рампа, пркосејќи ѝ на гравитацијата додека гумите цврсто се држеа за подлогата. Потоа, во рикверц, се намести за својот следен потег. Со голема брзина се залета нагоре по рампата и се вивна во воздух, каде што се активираа четири ракетни мотори од „Спејс икс“ (SpaceX), нежно […]