(Видео) „Тесла“ претстави нешто што го нарекува „летечки автомобил“

Погледнете како автомобил на „Тесла “полета откако компанијата на него монтираше ракетни мотори од „Спејс икс“


Автомобилот на „Тесла“ се паркираше на врвот од превртена рампа, пркосејќи ѝ на гравитацијата додека гумите цврсто се држеа за подлогата. Потоа, во рикверц, се намести за својот следен потег. Со голема брзина се залета нагоре по рампата и се вивна во воздух, каде што се активираа четири ракетни мотори од „Спејс икс“ (SpaceX), нежно враќајќи го возилото назад на безбедната површина од тест-патеката.

Во четвртокот вечерта, „Тесла“ го претстави својот суперавтомобил „Roadster“ – возило на кое се работеше речиси една деценија, а за кое Илон Маск изјави дека претставува „кулминација на неверојатната работа на инженерите од „Тесла“ и „Спејс икс“, кои тесно соработуваа“.

Раководството на „Тесла“го најави ова како појава на „летечкиот автомобил“. За време на демонстрацијата во објект на „Спејс икс“ во Тексас, присутните можеа да видат како „Roadster“ изведува превртување во воздух, а исто така забрзува од 0 до 60 милји на час (околу 96 км/ч) за помалку од една секунда.

 

Сепак, не очекувајте наскоро да можете да летате наоколу со ваков автомобил. На веб-страницата на „Тесла“ е прикажана верзијата опремена со ракетни мотори, која поседува „целосен систем за летање“; таа е достапна „само со покана“ и „не е одобрена за употреба на јавни патишта“. Верзијата способна за рекордно забрзување (од 0 до 60 милји на час) е означена како „ограничена“, а за неа е потребна уплата од 250.000 долари во рок од 10 дена по правењето на резервацијата.

Маск изјави дека „Тесла“ планира да започне со производство на „Roadster“ во 2028 година.