Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија


Товарен воз на компанијата „Трансагент“, натоварен со жито, излета денеска од шините на влезот во железничката станица Меја кај Риека, при што 11 вагони завршија во провалија, соопштија хрватските власти. Во несреќата нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета, поради што станицата е затворена за сообраќај. Како што соопшти компанијата „ХЖ инфраструктура“, несреќата се […]

Ердоган: Газа е претворена во најголемиот концентрационен логор во светот


Газа е претворена во најголемиот концентрационен логор во светот од страна на структура што смета дека е над меѓународното право – изјави турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, кој беше организиран од Министерството за правда во палатата Чираган, објави весникот „Џумхуриет“. – Најважно од сѐ е што веќе три […]

Во Грција досега регистрирани вкупно 443 случаи вирусот Западен Нил – починаа 47 лица


 Во изминатата седмица, во Грција биле потврдени 20 нови случаи на вирусот Западен Нил и починале шест лица, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Вкупниот број на дијагностицирани и пријавени случаи од почетокот на оваа вирусна сезона се зголеми на 443, што воедно […]

Дојави за бомби во училишта низ Србија — наставата е прекината во повеќе градови


Нови дојави за поставени бомби во основни и средни училишта во повеќе градови во Србија. Учениците се евакуирани, а полициски екипи ги проверуваат зградите, пренесе Н1. На е-поштата на неколку образовни институции се примени пријави со тврдења дека во просториите на училиштата се поставени експлозивни направи. Вакви дојави добиле основни и средни училишта во Лесковац, […]

Граѓаните на Словенија в недела ќе гласаат на четири референдуми


Љубљана –    В недела во Словенија се одржуваат четири референдуми, три советодавни и еден законодавен, што ќе биде прв тест за десничарската влада на Јанез Јанша откако е формирана во јуни оваа година. Граѓаните на Словенија на законодавен референдум ќе одлучат дали се за останување на сила на постојниот закон за парламентарна истрага или […]

Петмина загинаа при уривање на зграда во Истанбул, приведени се архитектот и раководителот на градилиште


Истанбул – Пет лица загинаа, а четворица се извлечени од урнатините на зграда што се урна во истанбулскиот кварт Малтепе, соопштија денес градските власти. Во соопштението се вели дека операциите за пребарување по уривањето на седумкатната зграда завршиле во 6:15 часот по локално време, откако било пронајдено телото на последното исчезнато лице, објави ТРТ. Долните […]

Во Хрватска се апсат лица за нелегално одлагање отпад


Во неколку хрватски градови, во тек е апсење луѓе осомничени за поврзаност со нелегално складирање опасен отпад во областа на Госпиќ и други градови во Лика. Акцијата на членовите на Канцеларијата за борба против корупцијата и организираниот криминал (Ускок) се спроведува во областа на Чаковец, Сењ, Загреб и Карловац. Се приведуваат луѓе за кои постои […]

Уапсен познат хрватски златар – закопувал тони отпад на негово земјиште


Познатиот загрепски јувелир и претприемач Пашко Додиќ беше уапсен утрово во продолжението на истрагата на УСКОК за нелегално отстранување отпад во Госпиќ, Бенковац и Сењ, јавува Index. Неговото име се споменува во оваа афера долго време бидејќи поседува земјиште во близина на Бенковац каде што се закопани илјадници тони отпад, а неговата сопруга Франциска Додиќ […]

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања


  Во Загреб денеска ќе се одржи првиот состанок на мешовитите комисии на Црна Гора и Хрватска, со што официјално почнуваат преговорите за решавање на отворените билатерални прашања меѓу двете земји. Во фокусот на разговорите ќе бидат статусот на школскиот брод „Јадран“ и другите прашања поврзани со сукцесијата на воениот имот на поранешната државна заедница. […]

Грција ќе потроши 4 милијарди долари за американски ракети и модернизација на Ф-16


Атина – Грција е подготвена да потроши до 4 милијарди долари за надградба на своите борбени авиони Ф-16 и купување напредни ракети од Соединетите Американски Држави, потврдија два извори за Ројтерс. „Договорот вклучува нови напредни ракети и бомби за борбените авиони Ф-16, Ф-35 и хеликоптерите Блек Хок“, изјави за Ројтерс висок функционер на Министерството за […]

Коските на Самоил ќе се испитуваат во Германија


Скелетните останки на цар Самоил, кои моментално се чуваат во црквата „Света Софија“, ќе бидат подложени на ДНК-анализа во странство, јавуваат бугарските медиуми. Сепак, не е планирано отворање на саркофагот, бидејќи примерок од слепоочната коска претходно беше земен во Солун од страна на бугарски научници и испратен во Германија на специјализирани испитувања во лаборатории во […]

Американците и Грците се согласија за голем воен договор. Вреден 4 милијарди долари


САД и Грција се согласија на продажба на воена опрема во вредност од 4 милијарди долари за да ги поддржат долгорочните одбранбени планови на Атина. Двете земји, исто така, ветија во среда дека ќе ја продлабочат безбедносната и економската соработка. Договорот беше објавен по шестиот стратешки дијалог меѓу САД и Грција, кој го одржаа во […]

И БиХ привремено ја запира употребата на бугарската БСЖ вакцина


Одделението за јавно здравје при Владата на Дистриктот Брчко, Босна и Херцеговина, препорача привремено запирање на употребата на BCG-вакцината произведена од компанијата „BB-NCIPD Ltd.“ (Бугарија) како мерка на претпазливост, сè додека не се добијат дополнителни информации и проценка од надлежните органи. Оваа препорака уследи по одлуката на Хрватската агенција за лекови и медицински средства (HALMED) […]

Што се случува во Госпиќ? Инспекторатот ги проверува нивоата на радиоактивен стронциум


Главниот државен инспектор Тончи Главиниќ, запрашан за наводно зголемените нивоа на радиоактивен стронциум во областа Госпиќ, во четврток изјави дека Државниот инспекторат спроведува инспекции во областа. „Во делот што се однесува на Госпиќ, во овој момент можам да ви кажам дека се спроведуваат инспекции и по приемот на извештајот, ќе можам да соопштам повеќе“, рече […]

Со балкански манири во ЕУ: Хрватска пратеничка носела роднини и пријатели на службени конференции


Хрватска пратеничка во Европскиот парламент се соочува со дисциплинска истрага од нејзината национална политичка партија, откако „Политико“  објави извештај дека нејзини пријатели и членови на семејството присуствувале на настан на Европскиот парламент во Стразбур, за кој нејзината канцеларија наплатила илјадници евра јавни средства. Пратеничката и нејзината политичка групација во Брисел изјавија дека ги почитувале важечките […]

Хрватска ќе изгради четири постројки за правење енергија од отпад


Хрватска планира да изгради четири постројки за претворање на отпад во енергија, од кои ниту една нема да преработува опасен отпад, објави агенцијата HINA. Ова го соопшти Маја Фекетиќ од хрватскиот Фонд за заштита на животната средина и енергетска ефикасност на тркалезна маса во Загреб. Првата постројка е планирана за центарот за управување со отпад […]

Турција ја зајакнува заштитата на културното наследство: Дронови ќе ги надгледуваат Сардис и Бин Тепе


Анкара – Дронови со можност за набљудување на голема далечина и ноќно гледање ќе го штитат едно од највредните археолошки наследства на Турција. Во Античкиот град Сардис и на локалитетот на лидиските тумули Бин Тепе во провинцијата Маниса, кои од 2025 година се впишани на листата на светско наследство на УНЕСКО, официјално е отворен Центарот […]

Во Истанбул се урна долниот дел од седумкатна зграда, петмина спасени


Првите три ката од седумкатница се урнаа утрово во населба во азискиот дел на Истанбул, при што од урнатините се спасени пет лица, меѓу кои две деца, јави агенцијата Анадолија. Несреќата се случила рано изутринава во 5:40 часот на улицата „Догу“ во населбата Малтепе на периферијата на градот, а причината за уривањето засега не е […]

Хаос на аеродромот во Белград, привремено прекинати полетувањата


Полетувањата од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ вечерва беа привремено прекинати поради пропуст во задолжителниот проток на патници. По грешката во работата на компанија за копнено опслужување, надлежните служби вовеле вонредна контрола на патниците во засегнатата зона. Дел од летовите се одложени, а на аеродромот има метеж. Од „Никола Тесла“ велат дека се координираат со авиокомпаниите […]

Рубио во Атина: САД си одбраа најважен сојузник во регионот


Американскиот државен секретар Марко Рубио  ја поздрави Грција како клучен сојузник на САД и „извор на стабилност во нестабилен свет“, додека денес го отвораше шестиот стратешки дијалог во Атина со фокус на одбраната, безбедноста, енергијата и технологијата. Зборувајќи заедно со грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, Рубио рече дека важноста на сојузот САД-Грција станала […]