Прекината потрагата по екипажот на бродот погоден од дрон кај Бугарија (видео)


Бугарија ја прекина потрагата по исчезнатиот екипаж на брод што потона откако беше погоден од дрон на околу 130 километри од бугарскиот брег, изјави за Nova TV вицеадмиралот Румен Николов од Поморската управа. Рано утрото во вторникот, два брода беа погодени во напад со дронови во рамките на бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море. […]

Закана за бомба во училиште во Загреб, учениците евакуирани


Валдорфската школа во загрепската населба Сигет беше евакуирана откако беше пријавена закана за бомба. Полициските сили излегоа на местото на настанот и извршија полициски претрес на училишните простории, но пријавата се покажа како лажна, јавуваат хрватските медиуми. Учениците и персоналот ја напуштија зградата. Според информациите од еден од родителите, децата биле испратени дома поради итноста на […]

Кривокапиќ: Никогаш не сме слушнале за долгот што го споменува Гарлиќ Радман


Подгорица – Министерот за одбрана на Црна Гора, Драган Кривокапиќ изјави дека Подгорица нема никаков долг кон Хрватска и оти досега не е пристигнато формално барање од Загреб за враќање на воен имот во висина од 2,7 милијарди долари. – Тој ден бевме шокирани бидејќи никој не знаеш за долгот за кој зборува Гарлиќ Радман, […]

Бугарскиот производител за повлечената вакцина: „Во два случаи, дадена е 10 пати поголема доза“


Бугарскиот производител на вакцини против БСЖ, „Бул био“, објави нови детали за четири случаи на остеитис, или остеомиелитис, пријавени во Хрватска. Тврди дека во документацијата за два случаи е наведено дека на деца им биле администрирани 0,5 милилитри вакцина, што би било десет пати повеќе од пропишаната доза. Сепак, производителот нагласува дека сè уште не […]

„Њујорк тајмс“: Советници на Трамп платени со стотици илјади долари за изборен ангажман во Република Српска


Вашингтон – Додека американскиот претседател Доналд Трамп ги обиколува САД за да им помогне на републиканците во пресрет на клучните избори за Конгресот, двајца негови најблиски политички советници престојувале на Балканот, каде што биле ангажирани во Република Српска во пресрет на изборите одржани во неделата, објави „Њујорк тајмс“. Добро упатени извори за весникот изјавиле дека Џејмс […]

Балканот пред временски пресврт: Циклон носи до 200 литри дожд, па заладување


Продолжува периодот на вистинско летно време во регионот, со температури кои достигнуваат до 28 степени, а најтопло ќе биде денеска, кога локално температурите ќе се искачат и до 30 степени. Но, веќе од четврток следува значителна промена на времето. Сè повеќе ќе зајакнува силен циклон од Џеновскиот Залив, кој најпрво на подрачјата по должина на […]

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово


Собранието на Косово ја избра Јустина Широка Пуља, претседателка на Академијата на науките и уметностите на Косово, за претседателка на Косово, што е претежно церемонијална функција, непосредно пред истекот на уставниот рок, со што се избегнуваат нови предвремени избори. Нејзин противник беше универзитетската професорка Елиза Хоџа. „Овој мандат не припаѓа само на една личност. Тој […]

Американскиот државен секретар Рубио во посета на Атина за шестиот стратешки дијалог Грција – САД


Американскиот државен секретар Марко Рубио доцна синоќа пристигна во Атина, а денеска ќе се одржи шестиот круг од стратешкиот дијалог Грција – САД и планирано е, освен со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, да се сретне и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека грчката метропола е под силни безбедносни мерки и со […]

Харадинај: Курти повторно го води Косово на избори


Пратеникот на Алијансата, Рамуш Харадинај, го обвини денеска косовскиот премиер Албин Курти дека наводно повторно го води Косово на избори, бидејќи не е постигнат договор за Законот за специјализираните совети и изборот на претседател на Косово. – Ова е четврти пат истото лице, истиот донесувач на одлуки, да ја води земјата на избори – рече […]

Гола, златна статуа на Трамп пристигна во Стразбур


Стразбур, ФРАНЦИЈА – Статуа висока 2,5 метри, која го прикажува голиот Доналд Трамп прекриен со злато како седи врз грбот на многу помал човек, беше откриена во Европскиот парламент во вторникот. Скулптурата, насловена „Портокалова чума“ или „Кралот на неправдата“, е дело на данскиот уметник Јенс Галсхиот, кој е познат по тоа што теми како кршењето […]

Најмалку 20 повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Приштина


Најмалку 20 луѓе беа повредени синоќа за време на протестот пред собранието и владините згради во Приштина, каде што дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата. Меѓу повредените има шест полицајци, додека извесен број граѓани побараа медицинска помош. Полицијата употреби солзавец и водни топови за време на немирите, додека демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства […]

Едниот брод нападнат во Црното Море кај Бугарија потона, другиот гори – се трага по исчезнатите членови на екипажот


Два трговски брода беа погодени од дронови во Црното Море кај брегот на Бугарија. Во тек е потрага по исчезнатите членови на екипажот на еден брод, а досега никој не е обвинет за нападот. Според достапните информации, ова е прв ваков напад врз бродови во економската зона на членка на НАТО. Не е познато од […]

Ученичка со нож нападнала ученички во друго училиште во Истанбул: Осум повредени, три тешко


Осум ученички од основно училиште во истанбулскиот округ Башакшехир се повредени и пренесени во болница откако утрово биле нападнати со нож од 15-годишна ученичка од друго училиште, јави турскиот весник „Биргүн“. Турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу соопшти дека три од повредените ученички се во тешка состојба. Според истанбулското гувернерство, нападот се случил нешто пред […]

Хрватска привремено ја суспендира примената на БСЖ-вакцината по четири сомнителни случаи за ретка несакана реакција


 Во Хрватска привремено е суспендирана примената на БСЖ-вакцината што ја примаат новороденчињата за заштита од тешки форми на туберкулоза, откако годинава биле пријавени четири случаи на ретка несакана реакција која ги зафаќа коските. По барање на Хрватската агенција за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД), дистрибутерот „Медикал интертрејд“ ги запре дистрибуцијата и примената на сите серии […]

Насилни демонстрации во Приштина, повредени 17 лица


Многубројни демонстранти се собраа вчера околу државните институции, Собранието и Владата, барајќи усвојување на измените на законот за Специјалниот суд, што ги предложи опозициската Демократска партија на Косово (ПДК). Измените беа усвоени во прво читање уште претпладне, но потребно е да бидат усвоени и во второ читање за да стапат во сила. Меѓутоа, несогласувањата меѓу […]

Дронови нападнаа бродови во бугарски води во Црното Море, Радев итно свика седница


Дронови нападнаа трговски бродови во бугарските води во Црното Море. Нападот е прв од таков вид врз бродови во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море во близина на Варна, јавија бугарските медиуми. Во водите на Црното Море во тек е голема спасувачка операција. Според првичните податоци, целите на нападите биле два товарни брода […]

Повеќе од 100 странци спасени од морето во близина на Крит


Две операции за лоцирање и собирање странци беа спроведени јужно од Крит, при што 105 лица беа спасени од морето. Во првиот случај, авион на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) забележа брод со приближно 65 странци, 42 наутички милји јужно од Кала Лименас, јави ЕРТ. Патролен брод на крајбрежната стража ги префрли […]

Нов бран Руси во Србија ги зголеми кириите за околу 30 отсто


Белград – Нов бран руски доселеници пристигна во Србија и веќе влијаеше врз пазарот на недвижности. Поради зголемената побарувачка, цените на кириите во последните два месеца пораснаа за околу 30 отсто. Агентите за недвижности велат дека главниот прилив допрва се очекува, поради што станува сè понеизвесно кој во поголемите градови ќе може да си дозволи […]

Проширувањето на ЕУ еден од приоритетите на литванското претседателство со ЕУ


Атина – Знаеме дека европската перспектива на Западен Балкан е приоритет и за вашата земја, за Грција и со нетрпение очекуваме тесно да соработуваме за проширувањето да остане високо на европската агенда, посочи претседателот на Литванија Гитанас Науседа по средбата во Атина со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Литванија во […]

Дали е ова картонски Трамп? Фотографиите од балканските лидери станаа хит


Вашингтон – Фотографиите од Доналд Трамп со низа европски и балкански политичари станаа хит на социјалните мрежи во последните денови. Причината е едноставна: американскиот претседател изгледа потполно исто во речиси секој од нив. Иста насмевка, речиси идентична положба на телото и препознатлив палец нагоре. Само луѓето што стојат до него се менуваат. Мицкоски објави фотографија […]