Покрената е петиција против концертот на Дино Мерлин во Хрватска


Петиција објавена на платформата Peticije.hr почна да се шири низ социјалните мрежи, со која се бара од градоначалникот на Сплит, Томислав Шута, да го откаже скапиот концерт на Дино Мерлин, планиран за 30 декември, вечерта пред Нова Година.

Иницијаторите на петицијата бараат 375.000 евра, кои се обезбедени за концертот со вклучен ДДВ, да бидат пренаменети за купување на ПЕТ/КТ апарат за Клиничкиот болнички центар во Сплит.

Според достапните информации, Дино Мерлин треба да добие околу 150.000 евра, додека остатокот од парите е наменет за продукцијата. Вкупниот износ без ДДВ е 300.000 евра.

„Веруваме дека износот од 375.000 евра е неприфатлив за една ноќ забава, додека нашите тешко болни сограѓани немаат каде да се лекуваат.

Да го откажеме концертот на Дино Мерлин и да ги насочиме средствата за купување ПЕТ/КТ апарат за KБЦ Сплит! Хрватска се соочува со сериозен проблем со јавното здравје. Според податоците од OECD и Европската комисија, Хрватска е меѓу најтешко погодените земји во Европската Унија кога станува збор за малигни заболувања. Фактот дека има втора највисока стапка на смртност од рак во ЕУ е особено загрижувачки.

„Зад секоја статистика стои човек. Мајка, татко, дете, сопруг, пријател. Семејство кое чека наоди, дијагноза и можност за лекување. Семејството се надева дека болеста ќе биде откриена на време“, се наведува во текстот на петицијата.

Според најавите, концертот ќе го финансира градската компанија „Жњан“, со средства од спонзори и приходи од адвент куќите. Другите изведувачи, вклучувајќи ги и оние кои ќе настапат на новогодишната ноќ, ќе бидат платени од Градот Сплит од градскиот буџет.

Колку ќе чинат другите изведувачи на Сплит Адвент? Според објавените податоци, за настапите на музичарите се очекуваат следните суми без ДДВ:

Јелена Розга – 88.000 евра
Бијело дугме – 80.000 евра
Јаков Јозиновиќ – 50.000 евра
Далматинец – 29.000 евра
Жак Хоудек – 22.400 евра
Душко Кулиш – 20.000 евра
Мирослав Шкоро – 18.000 евра
Зорица Конџа – 17.000 евра
Црвена јабука – 16.000 евра
Силенте – 15.000 евра
Ален Хржица – 13.000 евра
Психомодо Поп – 12.000 евра
Нено Белан – 12.000 евра
Ришпет – 11.900 евра
Ана Уршула Наев – 10.000 евра
Пожар – 8.000 евра
Сестрите Хусар – 7.600 евра

Петицијата започна од дискусија за тоа како треба да се распределат парите на градот и дали е оправдано да се издвојуваат толку многу пари за една новогодишна ноќ, додека здравствените установи имаат потреба од скапа медицинска опрема.