Алкараз го совлада Медведев на завршниот Мастерс
Треторангираниот светски тенисер, Шпанец, Карлос Алкараз, триумфираше попладнево над Русинот Данило Медведев (АТП-5) со 6:2, 6:4, во дуел од второто коло од групата „Иван Лендл“ на завршниот Мастерс во Торино.
Алкараз до победата дојде по еден час и девет минути.
Шпанецот три пати го одзеде сервисот на рускиот тенисер, додека Медведев не освои ниту еден брејк.
Алкараз е прв на табелата од групата „Иван Лендл“ со две победи, додека Медведев е втор со по една победа и пораз.ег
Во последното коло, шпанскиот тенисер ќе игра против Италијанецот Флавио Коболи, шесторангираниот тенисер во светот, додека Медведев го очекува дуел со Американецот Франсис Тиафо (АТП-8).