„Cine Delfi“ – нов роман на Румена Бужаровска


Во издание на „ТРИ“ деновиве излезе од печат „Cine Delfi“, новиот роман на Румена Бужаровска – една од највлијателните и најеминентните писателки во современата македонска книжевност, со значајна рецепција и на странската книжевна сцена. „Cine Delfi“ е вториот роман на Бужаровска, напишан во нејзиниот карактеристичен духовит, но и мрачен стил, што овој пат нè води […]

Промоција на романот „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова во превод на бугарски во Софија


Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија утре од 18:30 часот ќе биде промовиран романот „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова, во превод на бугарски јазик, по повод 90-годишнината од раѓањето на нашата позната писателка за деца. Преводот е на Маријан Петров и го објави  издавачката куќа „Изида“. Оваа книга на Оливера Николова, која го […]

Министерот Сулејмани ги посети институциите од културата во Битола


Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани од Музејот на албанската азбука ја почна работната посета на институциите од културата во Битола, каде што ја разгледа постојаната музејска поставка посветена на историското значење на Битола во развојот на албанската писменост и одржувањето на Битолскиот конгрес во 1908 година. Какo што соопшти Министерството, Сулејмани вчера оствари […]

Со претставите „Мојот маж“ и „Ана – непоправливата“ завршува 51. издание на МОТ


Со две претстави од меѓународната програма, вечерва завршува 51. издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, кој и оваа година го претвори Скопје во простор за средба на различни театарски јазици, естетики и сценски истражувања. Како што информираат ид МКЦ, фестивалската завршница ќе ја одбележи претставата „Мојот маж“ во режија на Марија Манганари, во продукција на […]

Отворен конкурсот за годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) го распиша конкурсот за традиционалните годишни книжевни награди за дела објавени во 2026 година. Како што соопшти ДПМ, конкурсот е отворен за наградите „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија, „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца, „Димитар Митрев“ за најдобра книга од областа […]

„Културното наследство низ делата од колекцијата на Националната галерија“ – изложба во Мала станица


Националната галерија на Македонија денеска од 13 часот во Мала станица ќе ја отвори изложбата „Културното наследство низ делата од колекцијата на Националната галерија“, на која ќе бидат претставени триесетина дела што го документираат и визуелно го претставуваат културното наследство на нашата земја, со посебен акцент на недвижното културно наследство – цркви, манастири, џамии, амами, […]

Изложба за 30 години творештво на академскиот сликар Билгаип Кочиште-Биге


„Јубилеј 30 години“ е насловена изложбата за три децении творештво на академскиот сликар Билгаип Кочиште-Биге, која, во организација на Националната галерија на Македонија, ќе биде отворена вечер од 19 часот во  Чифте амам.  -Пред нас како публика се распостила целата животна инспирација и теми на интерес на авторот, со дела кои датираат заклучно со актуелната […]

Драмски со „Болва в уво“ на Синиша Ефтимов на 8. РУТА во Белград


Белградскиот драмски театар денес објави дека ќе биде домаќин на осмиот фестивал RUTA (Регионален сојуз на театри) од 1 до 7 декември. Фестивалот ги собира театарските уметници и продукции од Србија, Црна Гора, Словенија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а BDP најави шест претстави во главната програма, пет монодрами во програмата „MONORUTA“ и […]

Објавен Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2027 година


 Министерството за култура и туризам соопшти дека е објавен конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2027 година, со кој се обезбедува поддршка за покривање на придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и данокот на личен доход. Пријавувањето на конкурсот се врши исклучиво по електронски пат, преку Националниот портал за е-услуги […]

Албумот на Трпчески номиниран за Меѓународните награди за класична музика (ICMA)


Меѓународните награди за класична музика (ICMA) ги објавија номинациите за своите награди за 2027 година, оддавајќи им признание на најдобрите музичари и музички изданија. Меѓу номинираните се голем број реномирани солисти, ансамбли, диригенти и оркестри, како и многу млади музичари, од кои голем дел се номинирани за првпат. Во 16 категории се номинирани околу 350 […]

Мојсова-Чепишевска и Антоновски единствени автори од Македонија во новиот меѓународен зборник за Андриќ


Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се единствените автори од Македонија застапени со научен труд во новиот меѓународен зборник „Виртуелниот Андриќ“ („Andrić virtuelni / Andrić virtuell“). Нивната студија „Андриќевиот разговор со Гоја: од факт до фикција“ е објавена на македонски јазик во изданието […]

Kingfisher и ФИПРЕСЦИ:  „17“ на Косара Митиќ со две награди во Љубљана


На 37. Меѓународен филмски фестивал во Љубљана (LIFFe), режисерката Косара Митиќ ја прими наградата Kingfisher за македонскиот филм „17“, македонски кандидат за Оскар. Наградата ја доделува главниот спонзор на фестивалот (Telekom Slovenije) за најдобар филм во натпреварувачката селекција „Перспективи“, по избор на меѓународното жири.„17“ во Љубљана ја освои и наградата ФИПРЕСЦИ од меѓународното жири на […]

„Сестра, брат и шахта“ во Белград, а „Добри луѓе“ во Торино: Манчевски со два филма на светски фестивали


Синоќа белградската публика на „Фестивал на авторски филм“ со овации ја поздрави европската премиера на најновиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“. Бројни љубители на делото на Манчевски останаа пред влезот затоа што салата беше распродадена, гледачи седеа и на подот, а во публиката беа и македонскиот амбасадор во Србија, проф д-р Никола […]

„Заратустра“: Роденденски концерт на Филхармонија со британската трубачка Матилда Лојд


Македонската филхармонија в четврток, во 20 часот ќе го одржи својот роденденски  концерт, со кој ќе одбележи 82 години од формирањето. Концертот е насловен „Заратустра“, а како солистка ќе настапи британската трубачка Матилда Лојд. Диригент е маестро Конрад ван Алфен, а на програмата се Концерт за труба и оркестар во Ас-дур од Александар Арутјуњан и […]

Самостојни изложби на Пандора Апостолоска Саздовска и на Сашо Саздовски во МАНУ


Мултимедијалната уметница Пандора Апостолоска Саздовска и скулпторот Сашо Саздовски ќе се претстават со самостојните изложби „Silentium memoriae“ /„Тишина на сеќавањето“ и „Минимални контрасти“, кои ќе бидат отворени на 26 ноември 2026 година, во 19 часот, во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).  Во рамките на настанот ќе бидат промовирани и монографии посветени на нивното […]

Дарко Марковиќ- човекот што ми ја отвори вратата кон детскиот свет


Во Кинотеката синоќа со ретроспектива со десет негови кратки анимации, се одржа филмска вечер посветена на Дарко Марковиќ, по повод десет години од неговото заминување.   За неговото творештво и влијанието врз поновата македонска аниматорска сцена говореа: Саша Станишиќ Иван Ивановски и Јане Алтипармаков. Средбата отвори простор за потсетување на неговиот авторски придонес и на местото […]

Грчката професорка по историја и теорија на филм Какламаниду: Големите филмски дела никогаш не се изгубени, само чекаат повторно да бидат откриени


По над 70 години од создавањето, грчкиот филм „Ева“ на Марија Плита, првата жена филмска режисерка во Грција, по децении излегува од сенка и одново ѝ се претставува на меѓународната публика, благодарение на професорката по историја и теорија на филм и телевизија и заменик-претседателка на Катедрата за филм при солунскиот Универзитет „Аристотел“, Бети Какламаниду која […]

Изложба во Скопје: Светлана Христова – Јоциќ, неповторлива естетика на духот и зборот


Светлана Христова-Јоциќ беше поезија  и кога не пишуваше. Имаше свој, неповторлив свет на зборови, мисли, чувства. Нејзината поезија беше уникатна, но уникатна беше и самата таа – со својот изглед, моден израз, став и појава. Жена која не следеше стилови, туку создаваше свој.  Во неа имаше нешто автентично, урбано, а длабоко вкоренето во Македонија, во […]

„Одбројување“ на Фросина Пармаковска промовиран во Софија: Вечер кога книжевноста ја победи политиката


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија синоќа се одржа промоцијата на романот „Одбројување“ од истакнатата македонска писателка Фросина Пармаковска, во издание на „Персеј“, а во превод на Маријан Петров. Настанот претставуваше уште една значајна можност за афирмација на современата македонска книжевност надвор од националните граници и нејзино доближување до бугарската, но и до пошироката европска […]

Фестивалот на грчки филм во Скопје годинава во знакот на женското режисерско творештво


Под мотото „Женски поглед: филм по нејзина мерка“, од 25 до 27 ноември во Кинотеката на Северна Македонија ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје, кое годинава во целост е посветено на женското филмско авторство. Програмата опфаќа три долгометражни и два краткометражни филма на грчки режисерки од различни генерации, а […]