Заев го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека им се заканува на пратеници


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конфренција објави дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ. како и дел од пратениците на партијата .вршат голем притисок врз некои од пратениците да не гласаат за законот за јавно обвинителство. Според него, тој притисок бил и десеткратно поголем од оној кога требаше да се гласаат уставните измени.

Заев тврди дека имал ветување од најмалку 80 пратеници дека ќе гласаат за законот, но вели: „Јас ги немам пратениците в раце. Тоа се пратеници и секој од нив е индивидуа со свои семејства, деца, пријатели. Тие носат одлука како што чувствуваат“.

Објаснувајќи го законот за јавно обвинителство лидерот на СДСМ рече дека „сите обвиненија кои се поднесени до 30 јуни 2017 година се безбедени, осигурани и предметите во судските постапки продолжуваат. Истовремено, сето тоа што е покренато по тој датум, во законот се дава шанса врз основа на материјалните докази да продолжат тие постапки. Ако има материјални докази се поднесува обвинение и судовите носат одлуки, ако нема, никој не е виновен“.

Претходно, во изјава за јавноста и портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, зборуваше дека имало притисок од опозициската партија врз одредени пратеници: „Високи структури на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, значително повеќе од заканите којшто ги вршеа за време на гласањето за уставните измени, им се закануваат на оние пратеници коишто изразуваат подготвеност да го поддржат законот за јавно обвинителство. Јавно апелирам високите раководни структури на ВМРО-ДПМНЕ, коишто се исплашени од одговорност заради нивниот сторен криминал, да престанат да се закануваат на колегите во Собранието“.