Европскиот туризам губи милјарда евра месечно поради короната


Избувнувањето на епидемијата со корона вирусот, која ги приземји кинеските туристи, го чини европскиот туризам околу една милијарда евра месечно, изјави денеска еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон.

„Кинеските туристи не доаѓаат во Европа уште од јануари. Тоа значи загубени два милиони ноќевања. Тоа се една милијарда евра по месец од јануари“, изјави Бретон за телевизијата БФМ. Европскиот туризам имаше голема корист од економскиот раст на Кина во последниве две декади. (Ројтерс)