Јужна Кореја бара обвинение за убиство за ширењето на корона вирусот


Јужна Кореја во понеделникот побара обвиненија за убиство за лидерите на тајната црква во центарот на избувнување корона вирусот во земјата, додека глобалниот број на починати се искачи на над 3.000.

ужна Кореја објави 599 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број заразени се искачи на 4.335. Досега има вкупно 26 смртни случаи. Во светски рамки, бројот на загинати се искачи на 3.044, според бројките на Ројтерс.

Од новите случаи во Јужна Кореја, 377 биле од југоисточниот град Даегу, дом на филијалата на црквата Исус Шинчеонџи, од каде водат повеќето случаи во Јужна Кореја.

Во јануари некои членови на црквата го посетиле кинески град Вухан, каде што болеста се појави кон крајот на минатата година.

Владата на Сеул побара од обвинителите да започнат истрага за убиство на водачите на црквата, движење основано од Ли Ман-хи.

Градската управа на Сеул соопшти дека поднела кривична пријава до Обвинителството, барајќи истрага за Ли и 12 други, под обвинение за убиство и нарушување на актите за контрола на болести.

Ли во понеделникот се извини дека еден нејзин член заразил многу други, нарекувајќи ја епидемијата „голема несреќа“.

„Дадовме се од себе, но не успеавме да го запреме ширењето на вирусот“, изјави Ли пред новинарите. Не се знае точно колку од мртвите во Јужна Кореја се директно поврзани со црквата. (Ројтерс)