Последици од корона висрусот: продажбата на автомобили во Кина падна за 92 отсто


Продажбата на автомобили во Кина пропадна за 92 отсто, бидејќи корона вирусот предизвикува хаос во автомобилската индустрија.

Асоцијацијата на патнички автомобили во Кина (CPCA) соопшти дека „едвај некој“ барал да купи возила во првата половина на февруари. Повеќето дилери останаа затворени како мерка на претпазливост.

Падот на домашната продажба – намалена за 96% во првата недела од февруари и 92% во текот на првата половина на месецот – дојде неколку дена откако „Јагуар Ланд ровер“ откри дека во моментов не продава во Кина.

„Речиси немаше никој кај трговците со автомобили во првата недела од февруари, бидејќи повеќето луѓе остануваа дома“, рече Куи Донгшу, генералниот секретар на ЦПЦА. „Многу малку дилери се отворија во првите недели од февруари и тие имаа многу мал прометна клиентите.“

Во првите 16 дена од месецот се продадоа само 4.909 автомобили, што е намалување од 59.930 во истиот период минатата година, на пазарот каде што беа продадени повеќе од 25 милиони автомобили во 2019 година.

Во петокот јапонските производители на автомобили „Нисан“ и „Хонда“ дополнително го одложија рестартирањето на производните погони во близина на центарот на појава на коронавирусот во Кина, најрано на 11 март по последната владина директива за спречување на ширењето.

Исклучувањето во Кина го наруши глобалниот синџир на снабдување, бидејќи производителите на автомобили се борат да најдат извори за десетиците илјади делови потребни за секој автомобил.

„Фиат Крајслер“ предупреди дека може да го запре производството во една од своите четири европски постројки, ако снабдувањето од Кина продолжи да влијае.