Грција воведува строги правила за возачите! Законот опфаќа две групи возила, еве кои услови мора да ги исполнувате
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/08/Granica-Grci-a-Bogorodica-780x470-1.jpg)
Во Грција стапи на сила нов закон кој се однесува на електрични, хибридни и други возила напојувани со алтернативни горива како течен или природен гас кои користат фериботи или бродски услуги за време на патувањето. Во соопштението на туристичката агенција Nikana.gr на социјалните мрежи и на веб-страницата Anek.gr, се известуваат возачите кои за Грција патуваат со автомобили, користат фериботи и бродови дека „нов закон на Министерството за поморство и крајбрежната стража стапи во сила и се однесува на електрични и хибридни возила, како и возила кои користат други алтернативни горива, како течен или природен гас“.
Кои услови треба да се исполнат?
Според новиот закон во Грција:
– од безбедносни причини, батериите на електричните и хибридните возила не смеат да се полнат повеќе од 40 проценти од вкупниот капацитет, со задолжителна контрола на температурата, а полнењето на акумулаторот на брод или траект е забрането
– за автомобили што користат течен или природен гас, законот бара резервоарите да не се полнат повеќе од 50 проценти од вкупниот капацитет
На возачите не им е јасно како ќе изгледа проверката
Заедно со соопштението има коментари меѓу кои возачите напишале дека не им е јасно како ќе функционира, додека поединци тврдат дека „оваа регулатива е многу оптоварена“.
„Како ќе утврдат колку бензин има во боцата… На Тасос бензинот бил значително поскап отколку на копното, и тоа е причината“, вели возач на автомобил на плин.
„Сигурно, пред да влезете во траектот, две колони ќе го измерат волуменот на гасот и батеријата“