Џафери контра Димовски: Згрешив, не е крај на светот


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги отфрли како неточни тврдењата изнесени од ВМРО-ДПМНЕ дека Законот за јавно обвинителство и Законот за измени и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители се донесени спротивно на процедурата.

Тој на денешната прес-конфeрeнција нагласи дека како претседател на Собранието има обврска да го поништи гласањето доколку има реакција од пратениците дека нивното изјаснување системот не го регистрирал. Во врска со сомнежот дали Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители требало да има двојно гласање, односно гласање и според бадeнтеровиот принцип, тој вели дека процедурата при гласањето е запазена и нагласи дека станува збор само за негова грешка.

Факт е дека воден дека двата закони претходно кои беа изгласани со Бадентер, јас усно укажав на пратениците да се подготват да гласаат според бадентеровиот принцип на гласање. Но, станува збор за моја грешка. Тоа не беше наведено во официјалното сценарио и кога го погледнав сценариото сфатив дека сум во грешка. Тоа е моја грешка, но од неа не произлегоа последици. Законот е изгласан без двојно гласање, а така е впрочем и според Уставот. Основниот закон е донесен без бадентеровото гласање и затоа не може измените и дополнувањата да се носат поинаку. Да, јас згрешив. Мислам дека не е крај на светот дека згрешив. Во три години и јас имам право да згрешам“, изјави денеска Џафери.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ синоќа веднаш по распуштањето на Собранието ја оспори легитимноста на процесот на усвојувањето на Законот за јавно обвинителство, како и на Законот за измените и дополнувања на Законот за Совет на јавни обвинители.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски смета дека, бидејќи со измените на Законот за Совет на јавни обвинители се регулира употребата на јазиците, автоматски треба да се спроведе друга постапка за гласање.

Димовски се повикува на член 10 од Уставот кој предвидува дека според бадeнтеровиот принцип на гласање се гласаат закони кои ја регулираат употребата на јазиците.  (Н.В.)