Како да го изберете и како да го подготвите јагнешкото месо за Велигден?
Ако никогаш досега не сте правеле јагнешко, овие совети ќе ви помогнат да испадне совршено при првиот обид.
За ручек традиционално се служи јагнешко месо, а како прилог можете да послужите компири и сезонски салати. Постојат многу начини на кои можете да подготвите јагнешко месо, а познатиот готвач Џенаро Конталдо го откри својот рецепт за ова вкусно месо.
Првото нешто на кое треба да обрнете внимание е купувањето месо. Јагнето треба да има розова или светло црвена боја и да нема многу маснотии. Маснотијата што ја има месото треба да биде бела, затоа што така ќе знаете дека јагнето е младо. Ако маснотијата е жолта, тоа значи дека јагнето е постаро.
Ако месото сте го купиле неколку дена претходно, тогаш завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер. Не смее да стои повеќе од 3 дена.
На денот на подготовката прво треба добро да го зачините јагнето. Секогаш се подготвува претходната вечер, бидејќи е добро да стои во маринадата. Се подготвува така што во сад се мешаат маслото, биберот, мелениот лук и другите зачини. За мирисот би било добро да додадете малку рузмарин. Маринадата не ја посолувате, бидејќи овој вид месо се посолува пред печење.
По маринадата следи печење на јагнешкото. Ставете го во сад и додадете вино или вода, повеќе зачини по желба и печете во загреана рерна. Ако не знаете како да го подготвите јагнето, ви предлагаме да го печете во рерна како под сач.
Месото е подготвено за сервирање, а со овие совети нема грешка, бидејќи ќе изберете одлично месо и ќе го зачините правилно.