Како да го одржите печивото свежо и следниот ден, тајната е во 3 состојки


Направете печиво како професионални пекари, а се што треба да направите е да додадете 3 тајни состојки.

Месењето тесто не е баш најлесната работа, но не е ниту претерано напорно. Ако правилно го следите рецептот, вашето печиво, леб или десерт сигурно ќе излезе одлично. Меѓутоа, често се случува следниот ден печивото да не е премногу свежо, а кога купувате готови производи тие обично траат подолго. Има трикови и за тоа, а во остатокот од текстот прочитајте како да направите печива кои ќе бидат свежи следниот ден.

Масло
Користете масло наместо путер. Путерот и маргаринот го прават печивото помеко, но поради овие состојки не останува долго свежо. Затоа е подобро да ги замените со масло за да се обезбеди свежина.

Јогурт или кефир
Наместо млеко, користете јогурт или кефир и тестото ќе биде помеко, а со тоа и печивото. Исто така, ќе остане свежо со денови.

Не претерувајте со јајцата
Не претерувајте со јајцата. Јајцата го прават печивото густо. Ако сакате подолго да остане меко, не додавајте повеќе од едно јајце на 500 мл течност.