Изборите станаа понеизвесни од законот за јавно обвинителство


„Ставот на СДСМ за распуштање на Собранието е јасен – прво да се донесат сите законски решенија што се договорени и кои што се важни за иднината на земјата. Законите мора да бидат донесени пред распуштање на Собранието“, изјави утрово премиерот Оливер Спасовски, кој беше во посета на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Оваа негова  изјава …

Изборите станаа понеизвесни од законот за јавно обвинителство Read More »

„Треска“ нема да биде парк, но не смее да стане ниту бетонска џунгла


Просторот на некогашната фабрика „Треска“ во Скопје нема да стане парк, како што сакаат граѓаните, но не смее да стане ниту бетонска џунгла, како што посакуваат сопствениците на парцели. Уредувањето на просторот деновиве е жешка тема во јавноста, која преку Советот на Општината Центар бара таа да се уредува на конкурс. Точката веќе двапати се …

„Треска“ нема да биде парк, но не смее да стане ниту бетонска џунгла Read More »

Талат Џафери и ДУИ по втор пат во клучен момент одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ


По втор пат и на сличен начин претседателот на Собранието, Талат Џафери, и ДУИ во клучни моменти одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ. Со постојано одолговлекување на закажувањето на седницата, со бескрајни координации и на крајот со прекинување на собраниската расправата уште пред таа воопшто да започне, Џафери синоќа купи уште еден ден за ВМРО-ДПМНЕ, чија цел е …

Талат Џафери и ДУИ по втор пат во клучен момент одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Тешка артилерија на Мухамед Зекири против ДУИ


Неочекуваното, па дури и гневното прекинување на седницата на Собранието од страна на претседателот Талат Џафери, ја покажа комплицираната ситуација во владината коалиција дури и на неколку дена пред распуштањето на парламентот. Тирадата на Џафери за Фејсбук објавите, во кои тој (а и неговата партија) се најде особено погоден, пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, ја …

Тешка артилерија на Мухамед Зекири против ДУИ Read More »

Џафери неочекувано и гневно ја прекина седницата за Предлог-законот за ЈО


Уште практично непочната, седницата на која требаше да се расправа за Предлог – законот за јавно обвинителство и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители беше одложена за утре во 11 часот, откако тоа го соопшти собранискиот спикер Талат Џафери. За оваа седница за збор се јавија 30 …

Џафери неочекувано и гневно ја прекина седницата за Предлог-законот за ЈО Read More »

Се чека почеток на собраниската седница за Предлог – законот за Јавно обвинителство


По целодневно натегање, партиски пазарења и неизвесност околу обезбедување на неопходното двотретинско мнозинство, конечно вечерва за 21 часот, беше закажана собраниската седница на која на дневен ред се Предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители. И покрај тоа што дел од пратениците почнаа …

Се чека почеток на собраниската седница за Предлог – законот за Јавно обвинителство Read More »

Поради компликации од грип почина 14-годишно девојче


Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести поради компликации од грип, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје. Ова е прв смртен случај како последица на сезонскиот грип. Починатото девојче имало и други хронични заболувања, додаде д-р Кузмановска. Грипот зема замав. Така, минатата недела биле регистрирани 3.614 заболени од грип, …

Поради компликации од грип почина 14-годишно девојче Read More »

Даночната евазија ги стопила ефектите од прогресивниот данок за 51 отсто


Прогресивниот данок лани ги зголемил приходите во Буџетот од персонален данок на доход, но сепак, ефектите се значајно помали од можните поради даночната евазија. Ова се вели во новата Стратегија за реформа на даночниот систем 2020 – 2023, што ја подготви Министерството за финансии и која деновиве била презентирана пред научната и стручната јавност. Прогресивниот …

Даночната евазија ги стопила ефектите од прогресивниот данок за 51 отсто Read More »

Лазаров откри како ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите во општина Центар


Неколку години по почетокот на судењето за насилствата во општина Центар од 2013 година, полека се вообличува рамката како биле организирани и спроведени протестите. Томислав Лазаров, кој тогаш беше претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Центар и координатор на советничката група во општинскиот совет, на денешното рочиште објасни како се создавала инфраструкурата за протестите и …

Лазаров откри како ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите во општина Центар Read More »

Премиерот Спасовски бара разрешување на министерката Мизрахи


Премиерот Оливер Спасовски побара да биде разрешена министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Предлогот за разрешувањето на Мизрахи е доставен до Собранието поради кршење на Уставот, информираат од Владата. „Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши …

Премиерот Спасовски бара разрешување на министерката Мизрахи Read More »

Предлог-законот за јавно обвинителство доби виза од Комисијата за европски прашања


Предлог-законот за јавно обвинителство го помина филтерот на собраниската Комисија за европски прашања. На денешната седница беше разгледуван и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, кој исто така доби виза од членовите на Комисијата кои одлучија двата предлог-закони да ги проследат во натамошна постапка. На седницата беше …

Предлог-законот за јавно обвинителство доби виза од Комисијата за европски прашања Read More »

СДСМ наспроти десниот популизам


НАНО РУЖИН За помалку од дваесетина години левицата и десницата во Северна Македонија целосно се трансформираа како во стратешко-идеолошка така и во кадровска смисла. Од  стекнувањето на независноста, левицата ја представуваше СДСМ, додека десницата се препознаваше низ идеолошката матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа еволуција не е исклучиво македонска. Слични партиски корелации се случуваат насекаде во Европа и …

СДСМ наспроти десниот популизам Read More »

Продавачите на кафе во Градски парк ќе добијат нови локации


Град Скопје определи 21 локација каде што ќе може да се паркираат мобилни продавачи во Градскиот парк. Градските власти објавија јавен повик на кој сите заинтересирани за користење локации за поставување урбана опрема за продажба на кафе, сокови, храна, пуканки и слично ќе може да се пријават и да добијат една од локациите. Секој ќе …

Продавачите на кафе во Градски парк ќе добијат нови локации Read More »

Македонија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО


Со постапка невообичаена за зовриената македонска политика, Собранието денеска едногласно го ратификуваше протоколот за членство во НАТО пред да се распушти во наредните денови. За ратификацијата гласаа 114 пратеници и со тоа заврши македонскиот пат за членството во Алијансата, а сега уште Шпанија треба да го ратификува протоколот и Македонија целосно да ја заврши целата …

Македонија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО Read More »

Седница на Собранието за ратификација на протоколот за НАТО (фото галерија)


Во Собранието во тек е седницата Собранието за ратификација на протоколот за НАТО. На неа присуствуваат 116 пратеници, гости од регионот, претседатели на високи државни институции, членови на дипломатскиот кор и други. Фото: Борис Грданоски  

Заев го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека им се заканува на пратеници


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конфренција објави дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ. како и дел од пратениците на партијата .вршат голем притисок врз некои од пратениците да не гласаат за законот за јавно обвинителство. Според него, тој притисок бил и десеткратно поголем од оној кога требаше да се гласаат уставните измени. Заев тврди …

Заев го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека им се заканува на пратеници Read More »

Стационарот на Лајка ќе има 24-часовна помош за граѓани кои ќе бидат каснати од куче


Советот на Скопје расправа за Програмата за хуман третман и благосостојба на животните скитници на јавното претпријатие Лајка, според која во стационарот ќе има ветеринарна служба и 24-часовна помош за граѓани кои ќе бидат каснати од куче. Новата програма предвидува освен со ушна маркица, кучињата да бидат обележани и со микрочип и за секоја единка …

Стационарот на Лајка ќе има 24-часовна помош за граѓани кои ќе бидат каснати од куче Read More »

Што е подобро да изберете – тиранин или олигарх


РОБЕРТ РАЈХ Не го видовме неговото име на ниту едно од гласачките ливчиња во првите четири американски држави, но тоа ќе се промени. Зборувам, се разбира, за мултимилијардерскиот претседателски кандидат Мајкл Блумберг. Блумберг има шанса да го освои претседателството затоа што неговата нето вредност е повеќе од 60 милијарди американски долари. Годишниот поврат на 60 …

Што е подобро да изберете – тиранин или олигарх Read More »

Собранието во драматичен финиш да го усвои заканот за обвинителството


Во денешниот пренапрегнат политички ден кога треба да се ратификува протоколот за НАТО, кога италијанскиот министер за надворешни работи Луиѓи ди Мајо треба да разговара со лидерите на политичките партии, во 13 часот треба да почне седницата на Комисијата за европски прашања, која треба да ги разгледа законите за јавно обвинителство и за Совет на …

Собранието во драматичен финиш да го усвои заканот за обвинителството Read More »

Пратениците ќе го ратификуваат Северноатлантскиот договор, знамето на НАТО ќе се виори пред Собранието


Пратениците во Собранието денеска се очекува да го донесат законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој ќе стапи на сила откако и Шпанија ќе го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Шпанија, како што е познато, поради внатрешните политички околности е последната земја членка на НАТО што го нема ратификувано овој протокол. …

Пратениците ќе го ратификуваат Северноатлантскиот договор, знамето на НАТО ќе се виори пред Собранието Read More »