Собранието во драматичен финиш да го усвои заканот за обвинителството


Во денешниот пренапрегнат политички ден кога треба да се ратификува протоколот за НАТО, кога италијанскиот министер за надворешни работи Луиѓи ди Мајо треба да разговара со лидерите на политичките партии, во 13 часот треба да почне седницата на Комисијата за европски прашања, која треба да ги разгледа законите за јавно обвинителство и за Совет на јавни обвинители. За време на вчерашниот драматичен ден предлогот на законот прво беше доставен до Собранието, па повлечен, па повторно доставен, за доцна синоќа парламентот да ја утврди потребата од негово донесување по скратена постапка.

Поради тоа што двата закона се со европско знаме и по скратена постапка рокот за поднесување амандмани и за расправа по нив е ограничен на два дена.

Според некои најави, амандмани на законите нема да има, но не е сигурно и дека така ќе биде. Во 15 часот треба да започне седницата за ратификација на протоколот за членство во НАТО, што ќе ги запре сите други активности во Собранието.

Со оваа агенда и процесот на усвојување на законот за јавно обвинителство многу веројатно е дека распуштањето на парламентот ќе се се случи некој ден подоцна од претходните најави за 12 февруари. Иако, возможно е целата работа околу усвојувањето на двата закони и разгледувањето на иницијативата на опозицијата за распуштање на парламентот да заврши во трескавичен финиш утре. (Н.В.)