Во Тетово на Велигден-мажите во посета на роднините, жените пречекуваат гости дома


Православните жители на Тетово може да се пофалат дека во време кога посетите меѓу роднини се се поретки, тие го прават спротивното барем за Велигден. Според специфичниот народен обичај денеска мажите со децата ги посетуваат речиси сите роднински куќи, додека жените остануваат дома за да ги пречекаат и угостат гостите. Дарко Гавровски од Саат маало […]

Иванов: Сите граѓани да бидат сплотени и заедно


Празниците се денови кога сме заедно со најблиските, кога славиме, кога се радуваме и воздигнуваме. Посакувам во текот на целата година сите граѓани на Република Македонија  да бидат сплотени, да бидат заедно и да ги пребродат сите предизвици со кои се соочуваат во животот. Посакувам се најубаво за сите, да сме сплотени, заедно да мислиме […]

Заев: Велигден ни дава сила и надеж, Христос Воскресна – Навистина Воскресна!


Премиерот Зоран Заев синоќа, заедно со своето семејство го дочека Христовото воскресение -Велигден, во црквата „Свети Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица. -Сакам да им го честитам најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден на сите христијански верници кои овие денови го празнуваат Велигден. Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта и ја […]

Партијата за демократски просперитет на Ромите со поддршка за Пендаровски во вториот круг


Партијата за демократски просперитет на Ромите во вториот круг ќе го поддржи кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Ова синоќа од Делчево го истакна претседателот на ПДПР Аксел Ахмедовски, кој на прес-конференција рече дека одлуката е донесена по  заедничката средба со потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски. -Од средбата со потпретседателот на СДСМ, […]

Православните верници го слават Велигден


Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, […]

(Видео) Заев: Да се обединиме по сите основи и да продолжиме напред


Премиерот Зоран Заев денеска од Струмица на годишнината од настаните од 27 април во Собранието, испрати порака за обединување и продолжување на патот напред, посочувајќи дека од исправноста на индивидуалните одлуки зависи иднината на државата. -Ја испраќам пораката на обединување по сите основи и повикувам да продолжиме напред. Заедно ја поставивме државата на правиот пат. […]

Мицкоски го пречкрта СЈО, власта ќе брка 80 гласа како за името


Владата е подготвена да собира 80 гласа во парламентот што ќе му го продолжат животот на Специјалното јавно обвинителство доколку ВМРО-ДПМНЕ остане на тврдиот став дека Катица Јанева и нејзиниот тим можат да бидат само дел од Јавното обвинителство. Кампањата за претседателските избори ги запре средбите меѓу работните групи на власта и на опозицијата, а […]

Зекири: Нема поголем демократ од Заев


Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, во разговор за МКД.мк вели дека некои функционери од партијата, вклучувајќи директори, министри и градоначалници, летнаа во облаци и, за жал, заборавија дека таму се по заслуга на граѓаните. Тој смета дека ваквите изјави нема да му наштетат затоа што „поголем демократ од нашиот претседател Зоран Заев верувајте […]

Иванов: На овој Велигден ги повикувам сите луѓе да се вклучат во духовна обнова на Македонија


Претседателот  Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во земјава. Ова, како што стои во честитката, е и  негова последна велигденска честитка за време на неговиот мандат како претседател на државата. -Преку Господ Исус Христос, Бог се стави на наше […]

Повреден скопјанец од огнено оружје


Дваесет и едногодишно момче е повредено вчера од огнено оружје во скопски Чаир. Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 16,25 часот од Градска општа болница „Наум Охридски“ била примена пријава за донесено лице со повреда од оружје, за кое подоцна е утврдено дека се работи за В.И. (21) од Скопје. Повредениот, како што […]

Откажа радарот на Бањски Рид, М-НАВ најавува тендер за нов


Дотраената опрема на М-НАВ почна зачестено да откажува. Вчера од 7 часот наутро Скопската контрола на летање не добивала податоци од радарот на Бањски Рид. Станува збор за уред стар преку 20 години, кој бара посериозен зафат за да се оспособи, велат извори од М-НАВ. Официјално и од М-НАВ и од Агенцијата за цивилно воздухопловство […]

Киро Здравев ќе ги чисти валканите наследства од Караџовски


Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, прв му го честиташе изборот на новиот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев, кој ги доби сите гласови од своите колеги, освен од судијката Гордана Спиреска која заминала на годишен одмор. Нејзиното име можеше да се слушне меѓу можните кандидати за претседател на судското тело, но сепак, единствен предложен […]

МПЦ, со помош на БПЦ, ќе го донесе благодетниот оган во земјава


МПЦ-ОА, за Велигден, ќе го донесен Благодетниот оган од Ерусалим во земјава, со помош на Бугарската православна црква. Македoнскиот епископ Јаков утре заедно со делегацијата на Бугарската православна црква со авионот на бугарската влада ќе отпатува во Ерусалим и утревечер, преку Софија, ќе го донесе велигденскиот оган. Бугарските медиуми пренесуваат дека епископот Јаков во земјава […]

Со навреди до цензус?


Граѓаните малку ќе одморат од политика во наредните празнични денови, со оглед на тоа што стигнуваат најави од политичките субјекти кои ги поддржуваат двајцата кандидати за шеф на државата дека делумно ќе стивнат пропагандните активности. Стево Пендаровски, велат од СДСМ, ќе го почитува мирот на граѓаните. Предвидени се само средби приспособени на празничната атмосфера, но […]

Хан очекува ЕК да ни даде позитивна препорака за отворање преговори


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за германската агенција ДПА предупреди дека одложувањето на отворањето пристапни преговори на ЕУ со земјите од Западен Балкан кои оствариле напредок во исполнување на поставените критериуми, како што е Северна Македонија, може да го дестабилизира целиот тој регион. Хан го даде интервјуто пред состанокот кој ќе се одржи […]

Нема промена на ставот на Франција за преговорите со Северна Македонија


Проширувањето нема да биде на агендата на неформалниот самит во Берлин, и нема да се разговара за преговорите со Македонија, тема за која нема за сега промена во ставовите на Франција, јавува МИА, повикувајќи се на високи извори во Елисејската палата. И покрај одредени сигнали дека Париз би можел да омекне по прашањето за преговорите […]

Интервју со Христијан Мицкоски: Убеден сум, ќе има цензус


Тврдите дека нема да одите на бојкот во вториот круг, а по тесната разлика со СДСМ, веројатно, немате ни причина за тоа. Ама, како ќе се справите со бојкотирачите во своите редови кои отворено повикуваа на апстиненција уште во првиот круг? Ќе ги исклучувате ли и нив од партијата, како што ги исклучивте или разрешивте […]

Велигденска порака од поглаварот на МПЦ: Да најдеме начин за меѓусебно помирувањe


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден. – Сè што било проречено за Спасителот Господ Исус Христос од старозаветните праведници – се исполнило: и доаѓањето, и раѓањето, и служењето, и судењето и распнувањето… Се исполнило […]

Фалат антибиотици и лекови за хронично болните


Пред крајот на месецот во аптеките граѓаните не можат да ги најдат лековите на рецепт што им ги пропишале лекарите. Мајки на деца се жалат дека фалат антибиотици кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување. „Не знаеме кога ќе се разболиме ниту ние возрасните ниту моите деца. Барав антибиотик за син ми, но […]

Пендаровски: Глас за број три значи гаранција дека нема да се врати режимот на Груевски


Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски вечерва во Велес истакна дека граѓаните треба да гласаат за број три, бидејќи тоа е гаранција дека режимот на Груевски нема да се врати, оти ќе се поддржи политичката опција што ја внесува Северна Македонија во Европската Унија и НАТО, оти на тој начин земјата ќе […]