ВМРО-ДПМНЕ со правни мерки ќе го оспорува Законот за ЈО


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес на прес конференција најави дека неговата партија правно ќе го оспори начинот на кој што е донесен Законот за Јавно обвинителство. Според него изгласувањето на законот било се, само не правда, туку комплетна анархија која го загрозила имиџот на државата. „Како почнаа така и завршија“, рече Мицкоски, додавајќи дека …

ВМРО-ДПМНЕ со правни мерки ќе го оспорува Законот за ЈО Read More »

Собранието распуштено, отворен патот за избори на 12 април


Едногласно, со 108 гласови „за“, пратениците на деветтиот парламентарен состав, попладнево ја донесоа одлуката за самораспуштање на Собранието и го отворија патот за предвремени парламентарни избори на 12 април годинава. И во завршните обраќања на претставниците на најголемите парламентарни партии дојде до израз целосната поделеност и спротивставеност. Образложувајќи го предлогот за самораспуштање на Собранието, Талат …

Собранието распуштено, отворен патот за избори на 12 април Read More »

Заев: Праќаме јасна порака колку ни е важна европската иднина


Со донесувањето на Законот за јавно обвинителство праќаме јасна порака колку ни е важна европската иднина, изјави денес на прес конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако во Собранието беа донесени законите околу кои се кршеа копјата со опозицијата. „Нашата земја ги исполнува и ги реализира своите обврски. Време е и ЕУ да го исполни …

Заев: Праќаме јасна порака колку ни е важна европската иднина Read More »

Собранието ги донесе Законот за Совет на јавни обвинители и Законот за одбрана


Собранието денес ги донесе и измените и дополнувањата во законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана. И двата закони беа донесени без присуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. За Законот за Советот на јавни обвинители гласаа 74 пратеници (за неговото  донесување беа неопходни 60 гласа), додека за Законот за одбрана гласаа 80 пратеници (за …

Собранието ги донесе Законот за Совет на јавни обвинители и Законот за одбрана Read More »

Законот за јавно обвинителство донесен по повторено гласање


Во крајно тензична атмосфера и по едно поништено гласање, денес во Собранието беше донесен Законот за јавно обвинителство. Во повтореното гласање „за“ законот се изјаснија 80 пратеници, а шестмина беа „против“. Во собраниската сала беа присутни 116 пратеници од кои гласаа вкупно 86. Но, ваквиот исход предизвика крајно тензична атмосфера, бидејќи претходно, во првиот обид …

Законот за јавно обвинителство донесен по повторено гласање Read More »

Пратениците пред финални одлуки за законите за ЈО, за Советот на јавни обвинители, за одбрана и за распуштање на Собранието


Момент на вистината – вака накусо аналитичарите го опишуваат денешниот ден кога во Собранието се закажани три седници на кои треба да се гласа за законите за јавно обвинителство, за советот на јавни обвинители и за одбрана, а на крајот и за распуштање на овој парламентарен состав. Почетокот на првата од трите седници (за законите …

Пратениците пред финални одлуки за законите за ЈО, за Советот на јавни обвинители, за одбрана и за распуштање на Собранието Read More »

И за законот за одбрана ќе се гласа в недела


Во Собранието попладнево заврши расправата за Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, но и за него ќе се гласа на утрешното продолжение на 135. Седница која претседателот на Собранието Талат Џафери го закажа за 11 часот. Причината, како што образложи Џафери, е тоа што овој закон е тесно поврзан со Предлог законот за јавно обвинителство, …

И за законот за одбрана ќе се гласа в недела Read More »

Макрон ја крева рампата за Македонија и Албанија за пристапни преговори со ЕУ


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе им овозможи на Северна Македонија и на Албанија да ги почнат разговорите за пристапување во Европската унија доколку следниот месец извештаите на Европската комисија за двете земји бидат позитивни, јави Ројтерс. Макрон ова го изјави на 56. Минхенска безбедносна конференција, со што навестува дека ќе го одмрзне напредокот …

Макрон ја крева рампата за Македонија и Албанија за пристапни преговори со ЕУ Read More »

Жителите на Дебар и на Маврово-Ростуше ќе гласаат во петтата Изборна единица


Граѓаните на општините Дебар и Маврово-Ростуше на наредните предвремени парламентарни избори ќе гласаат за кандидатите во петтата Изборна единица, намето во шестата како досега. Вака одлучија пратениците во Собранието, кои рано утрово со 75 гласа „за“, ги изгласаа измените и дополнувањата на Изборниот законик, како и Предлог законот за неевидентирани лица во матичната книга на …

Жителите на Дебар и на Маврово-Ростуше ќе гласаат во петтата Изборна единица Read More »

Мизрахи не истурка ниту половина од 100 дена на техничката влада


По 44 дена министерување во техничката влада, министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи рано утрово, беше разрешена од функцијата. По шестчасовни тешки и мачни препукувања помеѓу власта и опозицијата, Собранието со 62 гласа „за“ и 26 „против“ го прифати предлогот доставен од премиерот во техничката влада, Оливер Спасовски, кој тоа го побара откако …

Мизрахи не истурка ниту половина од 100 дена на техничката влада Read More »

Спасовски ја обвини Мизрахи дека намерно го крши Уставот за партиски цели


Пратениците во Собранието доцна вечерва ја почнаа расправата по предлогот за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Оливер Спасовски во образложението информираше дека побарал разрешување на Мизрахи од функцијата министер за труд поради серија јавни настапи на кои таа грубо го прекршила Уставот и законите, кои се однесуваат …

Спасовски ја обвини Мизрахи дека намерно го крши Уставот за партиски цели Read More »

Заврши дебатата за законот за јавно обвинителство, ќе се гласа дополнително


По целодневна жестока дебата вечерва во Собранието заврши дискусијата за Предлог-законот за јавно обвинителство. Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата даде пауза од еден час за да може координаторите на пратеничките групи да се договорат кога ќе биде гласањето за Предлог-законот за јавно обвинителство. Се уште е неизвесно кога ќе се загласа за …

Заврши дебатата за законот за јавно обвинителство, ќе се гласа дополнително Read More »

СДСМ не отстапува од намерата Мизрахи да биде разрешена


Иако до крајот на собраниската расправа за Предлог-законот за јавно обвинителство има уште помалку од 30 говорници, според собраниски извори, се очекува попладнево да почне дискусијата за разрешување на министерката за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека СДСМ нема да отстапи од намерата министерката Мизрахи да …

СДСМ не отстапува од намерата Мизрахи да биде разрешена Read More »

Независните пратеници со фронтален напад кон поранешните колеги од ВМРО-ДПМНЕ


Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ денеска, бранејќи го Предлог-законот за јавно обвинителство, влезе во отворен конфликт со поранешните колеги од ВМРО-ДПМНЕ. Кој е виновен за настаните на 27 април, кој ги насочувал насилниците тој ден, кој го упропастува ВМРО-ДПМНЕ и кој работи по налог на Мијалков беа само дел од темите на кои се конфронтираа …

Независните пратеници со фронтален напад кон поранешните колеги од ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Ќе се средува хаосот на паркинзите зад Зелен пазар


Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар, во март ќе го уреди дивиот паркинг позади Зелен пазар кој моментално е во хаотична состојба и не е функционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски пазар. На средбата меѓу градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ПОЦ, Васко Кичевски, со директорот на …

Ќе се средува хаосот на паркинзите зад Зелен пазар Read More »

Дескоска се откажала од говорот за да заштеди време и да не предизвика лавина реплики  


Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, на денешната собраниска седница на која почна расправата за Предлог-законот за јавно обвинителство, се откажала од збор за да заштеди време и да не предизвика реплики од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ваквото образложение таа го даде преку својот Фејсбук профил, откако координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски од собраниската говорница ја …

Дескоска се откажала од говорот за да заштеди време и да не предизвика лавина реплики   Read More »

Собраниската седница за Предлог-законот за јавно обвинителство почна со пауза


Собраниската седница на која на дневен ред е Предлог – законот за јавно обвинителство, не стигна ниту до општиот претрес – на барање на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, беше дадена пауза од еден час. Причината е што министерката за правда Рената Дескоска не излезе на говорницата да го образложи владиниот предлог. „Доколку министерката за …

Собраниската седница за Предлог-законот за јавно обвинителство почна со пауза Read More »

Изборите станаа понеизвесни од законот за јавно обвинителство


„Ставот на СДСМ за распуштање на Собранието е јасен – прво да се донесат сите законски решенија што се договорени и кои што се важни за иднината на земјата. Законите мора да бидат донесени пред распуштање на Собранието“, изјави утрово премиерот Оливер Спасовски, кој беше во посета на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Оваа негова  изјава …

Изборите станаа понеизвесни од законот за јавно обвинителство Read More »

„Треска“ нема да биде парк, но не смее да стане ниту бетонска џунгла


Просторот на некогашната фабрика „Треска“ во Скопје нема да стане парк, како што сакаат граѓаните, но не смее да стане ниту бетонска џунгла, како што посакуваат сопствениците на парцели. Уредувањето на просторот деновиве е жешка тема во јавноста, која преку Советот на Општината Центар бара таа да се уредува на конкурс. Точката веќе двапати се …

„Треска“ нема да биде парк, но не смее да стане ниту бетонска џунгла Read More »

Шилегов сака Скопје да е зелен град


„Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со многу повеќе внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедувањето на чиста и здрава животна средина, изјави градоначалникот Петре Шилегов на отворањето на Share …

Шилегов сака Скопје да е зелен град Read More »