Ќе се средува хаосот на паркинзите зад Зелен пазар


Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар, во март ќе го уреди дивиот паркинг позади Зелен пазар кој моментално е во хаотична состојба и не е функционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски пазар.

На средбата меѓу градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ПОЦ, Васко Кичевски, со директорот на Скопски пазар, Младен Дамев и претставници на пазарџиите било договорено на ова неуредено паркиралиште ПОЦ да постави нов систем за контрола на влезно-излезни рампи. Дел ќе биде наменет за товарните возила на пазарџиите, а останатиот дел ќе биде резидентен паркинг за жителите од улицата „11 Октомври“ и  булеварот „Кочо Рацин“. Со отворање на ова паркиралиште, паркиралиштето „Аутомакедонија“ целосно ќе се ослободи од товарните возила и ќе им овозможи на жителите брз и лесен пристап до нивните домови.

Општина Центар во координација со пазарна инспекција ќе ја преземе одговорноста за дивите пазарџии на паркиралиштето кај „Аутомакедонија“.