Заев: Праќаме јасна порака колку ни е важна европската иднина


Со донесувањето на Законот за јавно обвинителство праќаме јасна порака колку ни е важна европската иднина, изјави денес на прес конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако во Собранието беа донесени законите околу кои се кршеа копјата со опозицијата.

„Нашата земја ги исполнува и ги реализира своите обврски. Време е и ЕУ да го исполни своето ветување, рече Заев.

Тој нагласи дека во законското решение што беше усвоено во парламентот нема скриена амнестија и дека секој што го прекршил законот ќе одговара.

Лидерот на СДСМ, рече дека ВМРО-ДПМНЕ со одбивањето да гласа за овој закон покажа дека не е за правна држава и за европска иднина на земјава.

Заев најави и дека утре во 18 часот пред Собранието ќе се организира Марш на правдата на кој ги повика да се приклучат, како што рече, сите правдољубиви граѓани.