Во Шпанија најмалку жртви последниве девет дена, во Германија трет ден паѓа бројката на инфицирани


Бројот на загинати во Шпанија од корона вирусот се зголеми за 674 во изминатите 24 часа и сега изнесува 12.418. Ова најмал број на жртви во последниве девет дена. Бројот на регистрирани случаи се искачи на 130.759 од 124.736, соопшти шпанското министерство. Порастот од пет проценти на инфекции е најмалото зголемување од почетокот на здравствената …

Во Шпанија најмалку жртви последниве девет дена, во Германија трет ден паѓа бројката на инфицирани Read More »

Јанша дообјаснува како дошло до помошта на Словенија


Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, на Твитер соопшти како дошло до испорачување на помошта за Македонија во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. И дека лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, му се јавил на телефон, при што зборувале за кризата со корона вирусот. „Веднаш по повикот од Христијан Мицкоски, кој ја извести Владата …

Јанша дообјаснува како дошло до помошта на Словенија Read More »

Бројот на инфицираните од корона во САД надмина 300.000


Њујорк – Болестите поврзани со корона вирусот убија 630 луѓе во последниот ден во државата Њујорк, изјави гувернерот Ендрју Куомо во саботата. Од новиот корона вирус починаа 3.565 луѓе во државата и ситуацијата е особено загрижувачка на Лонг Ајленд, источно од Њујорк Сити, каде што бројот на случаи „се шири како оган“, рече Куомо на …

Бројот на инфицираните од корона во САД надмина 300.000 Read More »

Дури 40.000 лица дошле од Кина во САД по забраната на Трамп за летови


Речиси 40.000 Американци и овластени патници влегле во САД од Кина откако претседателот Доналд Трамп воведе ограничувања за патувања пред повеќе од два месеци, пишува „Њујорк тајмс“. Трамп посочи дека неговата акција за забрана на странците да влегуваат во САД, доколку тие биле во Кина до почетокот на февруари, придонела за намалување на случаите и …

Дури 40.000 лица дошле од Кина во САД по забраната на Трамп за летови Read More »

Avanti, Фон дер Лајен!


ГИ ВЕРХОВШТАТ Играта заврши, па Урсула фон дер Лајен и нејзините комесари подобро да ги извадат големите пиштоли и да ги следат стапките на Комисијата на Делор     Кога минатата недела Жак Делор рече дека „бацилот се враќа“, тој не мислеше на вистинскиот корона вирус, туку на бацилот на тесниот национален само-интерес кај европските …

Avanti, Фон дер Лајен! Read More »

Во Холандија 16.627 заразени и 1.651 смртни случаи од Ковид-19


Бројот на потврдени смртни случаи од корона вирусот во Холандија се зголеми за 164 на 1.651, соопштија денеска здравствените власти. Националниот институт за здравство соопшти дека вкупниот број заразени лица во последните 24 часа е зголемен за шест проценти на 16.627. За реалниот број на смртни случаи и заразени се вели дека е поголем од …

Во Холандија 16.627 заразени и 1.651 смртни случаи од Ковид-19 Read More »

Кир Стармер стана нов лидер на британските лабуристи


Лондон – Најголемата опозициска партија во Британија, Лабуристичката партија, го именуваше Кир Стармер, поранешен директор за јавни гонења, кој се спротивстави на излезот на земјата од Европската унија, како нејзин лидер во саботата. Тој победи со 56,2 отсто од гласовите од партиските членови и поддржувачите. Гласаа вкупно 490.731 лица. Неговиот најблизок ривал, Ребека Лонг-Бејли, доби …

Кир Стармер стана нов лидер на британските лабуристи Read More »

Помалку мртви во Шпанија, но заразата од корона не стивнува


Шпанија денеска забележа помала бројка на починати во однос на вчера – 809 (вчерашниот биланс беше 932), но бројот на инфицирани и натаму многу се зголемува. Сега има 11.744 починати. Вкупниот број на регистрирани инфекции во саботата изнесуваше 124.736, додека вчера тој беше 117.710. Излекувани се 34.219 лица.

Словенија објави дека помошта била испорачана на барање на македонската влада


Министерството за одбрана на Словенија објави дека помошта во медицинска опрема за борба против корона вирусот вредна 110.000 евра била испорачана на барање на македонската влада. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, вчера тврдеше дека помошта се реализирала откако тој му се јавил на словенечкиот премиер Јанез Јаша и го побарал тоа. На официјалниот сајт на …

Словенија објави дека помошта била испорачана на барање на македонската влада Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче дека дека се докажувал колку тестови има


Откако вчера Министерството за здравство остро ги демантираше тврдењата на Христијан Мицкоски дека државава имала само уште 100 тестови за корона вирусот, ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвинува министерот за здравство Венко Филипче, за политикантство. Орце Ѓорѓиевски, член на Извршниот комитет на партијата, на Фејсбук напиша дека Филипче се однесувал како портпарол на владејачката партија. „Политикантството на …

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче дека дека се докажувал колку тестови има Read More »

Мицкоски шири паника


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, треба да се соочи со законот, бидејќи јавно изрече ужасна лага дека тестови за откривање на корона вирусот има само уште за еден ден и со тоа можеше да предизвика паника кај населението   Ерол Ризаов Изјавата на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека само за уште еден ден …

Мицкоски шири паника Read More »

СДСМ: Зошто Мицкоски пак намерно лаже – сега за тестовите


Владејачката партија вечерва реагираше на тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека државата останала без тестови и го обвини дека шири „лажни вести и неоснована паника“. Во интервју за Канал 5 тој рече дека во залиха имало само 100 тестови за корона вирусот. „Целата држава, институциите, граѓаните, службениците, сите бескомпромисно се борат против коронавирусот, …

СДСМ: Зошто Мицкоски пак намерно лаже – сега за тестовите Read More »

Четири милиони евра од ЕУ за купување респиратори, маски и тестови


Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, денеска го потпиша договорот за помош од четири милиони евра за итна набавка на медицинска опрема. „Со тие пари Европската унија ќе помогне да се купат респиратори, маски, тестови и друга медицинска опрема кои ќе им помогнат на граѓаните во овие тешки времиња“, напиша Жбогар на Твитер.

Полициски час во Куманово од денес во 21 часот до понеделник во 5 часот


Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник. Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот. …

Полициски час во Куманово од денес во 21 часот до понеделник во 5 часот Read More »

Јанша испратил медицинска помош по барање на Мицкоски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека пристигнал авион со медицинска помош од Словенија по неговиот разговор со премиерот Јанез Јанша. „Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанез Јанша. Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред сѐ се осврнавме на заедничките …

Јанша испратил медицинска помош по барање на Мицкоски Read More »

Чувајте се од волшебници


ЕРОЛ РИЗАОВ (Колумна за Дојче веле)   Бидете на штрек во вакви тешки и мачни времиња на искушенија и страв. Од коронавирус побрзи се само разни шарлатани и лажни спасители кои во ера на интернет и брзи комуникации даваат бесплатни рецепти како да се спасите   Кога имате илјада гајлиња како да немате ни едно. …

Чувајте се од волшебници Read More »

Заев ја објаснува стратегијата „чекан и танц“


Откако неговата изјава за „чекан и танц“ за сузбивање на кризата со корона вирусот предизвика реакции во јавноста, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на својот Фејсбук профил дообјасни што мислел. Според него, стратегијата на „чекан и танц“ во справување со коронавирусот e базирана на долгорочен план за сузбивање на вирусот преку комбинирани мерки и …

Заев ја објаснува стратегијата „чекан и танц“ Read More »

ЕУ официјално го назначи Лајчак за специјален претставник за Западен Балкан


Службата за надворешни работи на ЕУ соопшти дека Мирослав Лајчак и официјално е назначен за специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина како и за западниот Балкан. „Задачата на новиот специјален претставник на ЕУ ќе биде постигнување на целокупна нормализација на односите помеѓу Србија и Косово, да се подобрат соседските односи и помирувањето …

ЕУ официјално го назначи Лајчак за специјален претставник за Западен Балкан Read More »

Запрено производството на пивото „корона“


Мексикaнската „Групо модело“ соопшти во четвртокот дека привремено ќе престане да го произведува пивото „корона“ и други брендови извезувани во 180 земји, откако нејзините деловни активности беа прогласени за несуштински според владината наредба насочена кон спречување на ширењето на корона вирусот. Мексиканската влада оваа недела прогласи здравствена вонредна состојба и нареди прекинување на несуштинските активности …

Запрено производството на пивото „корона“ Read More »

Бројот на мртвите од корона во Шпанија падна за прв пат од 26 март


Бројот на смртни случаи од корона вирус во Шпанија се искачи на вкупно 10.935 од 10.003 претходниот ден, соопшти Министерството за здравство во петокот, но го покажа првиот пад на дневниот број на смртни случаи од 26 март. Вкупно 932 луѓе починале од болеста за 24 часа, што е намалување од 950 лица во претходниот …

Бројот на мртвите од корона во Шпанија падна за прв пат од 26 март Read More »