Помалку мртви во Шпанија, но заразата од корона не стивнува


Шпанија денеска забележа помала бројка на починати во однос на вчера – 809 (вчерашниот биланс беше 932), но бројот на инфицирани и натаму многу се зголемува. Сега има 11.744 починати. Вкупниот број на регистрирани инфекции во саботата изнесуваше 124.736, додека вчера тој беше 117.710.

Излекувани се 34.219 лица.