Десетици работници заглавени во нелегален рудник за злато во Индонезија
Индонезиските спасувачки екипи денеска трагаат по десетици работници блокирани во нелегален рудник за злато во провинцијата Западна Јава, соопшти Националната агенција за пребарување и спасување. Локални медиуми соопштуваат дека во рудникот се заробени 30 работници.
Рударите се заглавени на длабочина од сто метри, последица на обилните дождови што од понеделникот ја зафатија областа. Рудникот се наоѓа во Богор, планинска област на околу 60 километри јужно од главниот град Џакарта.
Државната рударска компанија „Антам“ (Antam) соопшти дека станува збор за нелегален рудник за злато што не е дел од нејзините активности.
Малите рударски активности што се одвиваат нелегално, често предизвикуваат несреќи во Индонезија, земја богата со природни ре