Во Шпанија најмалку жртви последниве девет дена, во Германија трет ден паѓа бројката на инфицирани


Полицаец зборува со жена пред Бранденбуршката порта во Берлин и возилото на кое пишува „Останете дома“ (Фото: Ројтерс)

Бројот на загинати во Шпанија од корона вирусот се зголеми за 674 во изминатите 24 часа и сега изнесува 12.418. Ова најмал број на жртви во последниве девет дена. Бројот на регистрирани случаи се искачи на 130.759 од 124.736, соопшти шпанското министерство. Порастот од пет проценти на инфекции е најмалото зголемување од почетокот на здравствената криза.

Во Германија трет ден по ред се намалува стапката на новоинфицирани. Потврдената инфекција со корона вирус во Германија се зголеми за 5.936 во изминатите 24 часа и сега изнесува 91.714. Според податоците на владиниот институт „Роберт Кох“ бројката од неделата има пад од 146 случаи во споредба со 6.082 нови инфекции регистрирани во саботата.

Пријавениот број на жртви се зголеми за 184 и сега изнесува 1.342.