Во Холандија 16.627 заразени и 1.651 смртни случаи од Ковид-19


Бројот на потврдени смртни случаи од корона вирусот во Холандија се зголеми за 164 на 1.651, соопштија денеска здравствените власти. Националниот институт за здравство соопшти дека вкупниот број заразени лица во последните 24 часа е зголемен за шест проценти на 16.627.

За реалниот број на смртни случаи и заразени се вели дека е поголем од официјалниот број поради малиот број тестирања.