Јанша испратил медицинска помош по барање на Мицкоски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека пристигнал авион со медицинска помош од Словенија по неговиот разговор со премиерот Јанез Јанша.

„Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанез Јанша. Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред сѐ се осврнавме на заедничките предизвици со пандемијата на корона вирусот, со кои се соочуваат двете држави.

Побарав од премиерот Јанша, да помогне Словенија во рамките на своите можности и капацитети. Денес, на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија.

Во таа насока сакам да изразам јавна благодарност до нашиот пријател и пријателот на Македонија – Јанша за помошта и тоашто за брзо време се испорача помош која во овие моменти ќе биде значајна за луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија“, објави Мицкоски.