Бројот на инфицираните од корона во САД надмина 300.000


Медицински работници го изнесуваат телото на еден починат од болницата во Бруклин, Њујорк    (Фото: Ројтерс)

Њујорк – Болестите поврзани со корона вирусот убија 630 луѓе во последниот ден во државата Њујорк, изјави гувернерот Ендрју Куомо во саботата.

Од новиот корона вирус починаа 3.565 луѓе во државата и ситуацијата е особено загрижувачка на Лонг Ајленд, источно од Њујорк Сити, каде што бројот на случаи „се шири како оган“, рече Куомо на прес-конференција.

Соединетите Држави имаат најголем број на познати случаи во светот на Ковид-19, респираторна болест слична на грип, предизвикана од корона вирусот. Повеќе од 300.000 луѓе имаат позитивно тестирање во САД, а над 8.100 починале.

Медицински експерти од Белата куќа прогнозираат дека меѓу 100.000 до 240.000 Американци би можеле да бидат убиени во пандемијата, дури и ако се следат наредбите да останат дома.

Само во Њујорк се повеќе од една четвртина од смртните случаи, според податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“. Болниците и мртовечниците во градот се борат да ги лекуваат очајно болните и да ги погребаат мртвите.

Крематориумите ги продолжија своите работни часови за да ги запалат телата во текот на ноќта, при што мртвите се натрупаа толку брзо што градските власти бараа други места во државата за кремирање.

Поради ризикот од инфекција, многу луѓе кои имаат сериозно болни роднини во Њујорк не можат да ги видат своите најблиски во последните часови.

Куомо објави дека кинеската влада одобрила донација на 1.000 рспиратори што ќе пристигнат на аеродромот ЏФК во сабота.

„Ова е голема работа и ќе направи значителна разлика за нас“, рече Кумо.

Речиси сите Американци се под наредба на државните и локалните власти да останат дома, освен за основните излегувања, како што се купување намирници или за посета на лекар.  (Ројтерс)