Руте: Украина не може да се приклучи на НАТО во овој момент


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги отфрли барањата на Украина за прием во трансатлантската алијанса во овој момент.

Тој на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин изјави дека постои можност Украина да стане дел од Алијансата во иднина, но дека членовите на НАТО во моментов не се едногласни по ова прашање, објави „Зидојче Цајтунг“.

„Кој може да стане членка на НАТО одлучува исклучиво НАТО“, рече Руте.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно повторно се залагаше за прием на неговата земја во НАТО.

Тој оцени дека ова е подобро решение за безбедноста во Европа отколку безбедносните гаранции кои само личат на клаузулата за заемна помош во член 5 од Договорот за НАТО.

Русија го отфрла влезот на Украина во НАТО, а одбранбената алијанса во принцип одлучи дека Украина треба да стане членка, но САД се спротивставија на тоа во последните години.