Четири милиони евра од ЕУ за купување респиратори, маски и тестови


Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, денеска го потпиша договорот за помош од четири милиони евра за итна набавка на медицинска опрема. „Со тие пари Европската унија ќе помогне да се купат респиратори, маски, тестови и друга медицинска опрема кои ќе им помогнат на граѓаните во овие тешки времиња“, напиша Жбогар на Твитер.