Дури 40.000 лица дошле од Кина во САД по забраната на Трамп за летови


Речиси 40.000 Американци и овластени патници влегле во САД од Кина откако претседателот Доналд Трамп воведе ограничувања за патувања пред повеќе од два месеци, пишува „Њујорк тајмс“.

Трамп посочи дека неговата акција за забрана на странците да влегуваат во САД, доколку тие биле во Кина до почетокот на февруари, придонела за намалување на случаите и смртните случаи на Ковид-19 во САД.

„Ја отсеков Кина многу рано. И ако не го направев тоа, ќе имавме табела во која не би верувале“, рече Трамп на брифингот во петокот, осврнувајќи се на моделите на Белата куќа за тоа каде се шири вирусот во САД и колку смртни случаи се случиле.

Дури 279 летови од Кина пристигнаа во САД откако беа објавени патните ограничувања на Трамп, „и процедурите за скрининг беа нерамни“, забележува „Тајмс“.

Патници пристигнале изминатата недела од Пекинг во Калифорнија и Њујорк под исклучоци за патувања кои постојат за Американците и за некои други.

Најмалку 430.000 прелетаа од Кина во САД од 31 декември, кога Кина за прв пат ја извести Светската здравствена организација за случаи на новиот корона вирус во Вухан, пренесува „Тајмс“.

Повеќето патници пристигнале во јануари на аеродромите во Сан Франциско, Њујорк, Лос Анџелес, Сиетл, Њуарк, Чикаго и Детроит.

„Илјадници од нив долетаа директно од Вухан“, првичниот епицентар на појавата на Ковид-19, според „Тајмс“.