СДСМ не отстапува од намерата Мизрахи да биде разрешена


Иако до крајот на собраниската расправа за Предлог-законот за јавно обвинителство има уште помалку од 30 говорници, според собраниски извори, се очекува попладнево да почне дискусијата за разрешување на министерката за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека СДСМ нема да отстапи од намерата министерката Мизрахи да […]

Независните пратеници со фронтален напад кон поранешните колеги од ВМРО-ДПМНЕ


Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ денеска, бранејќи го Предлог-законот за јавно обвинителство, влезе во отворен конфликт со поранешните колеги од ВМРО-ДПМНЕ. Кој е виновен за настаните на 27 април, кој ги насочувал насилниците тој ден, кој го упропастува ВМРО-ДПМНЕ и кој работи по налог на Мијалков беа само дел од темите на кои се конфронтираа […]

Дескоска се откажала од говорот за да заштеди време и да не предизвика лавина реплики  


Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, на денешната собраниска седница на која почна расправата за Предлог-законот за јавно обвинителство, се откажала од збор за да заштеди време и да не предизвика реплики од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ваквото образложение таа го даде преку својот Фејсбук профил, откако координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски од собраниската говорница ја […]

Собраниската седница за Предлог-законот за јавно обвинителство почна со пауза


Собраниската седница на која на дневен ред е Предлог – законот за јавно обвинителство, не стигна ниту до општиот претрес – на барање на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, беше дадена пауза од еден час. Причината е што министерката за правда Рената Дескоска не излезе на говорницата да го образложи владиниот предлог. „Доколку министерката за […]

Изборите станаа понеизвесни од законот за јавно обвинителство


„Ставот на СДСМ за распуштање на Собранието е јасен – прво да се донесат сите законски решенија што се договорени и кои што се важни за иднината на земјата. Законите мора да бидат донесени пред распуштање на Собранието“, изјави утрово премиерот Оливер Спасовски, кој беше во посета на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Оваа негова  изјава […]

„Треска“ нема да биде парк, но не смее да стане ниту бетонска џунгла


Просторот на некогашната фабрика „Треска“ во Скопје нема да стане парк, како што сакаат граѓаните, но не смее да стане ниту бетонска џунгла, како што посакуваат сопствениците на парцели. Уредувањето на просторот деновиве е жешка тема во јавноста, која преку Советот на Општината Центар бара таа да се уредува на конкурс. Точката веќе двапати се […]

Талат Џафери и ДУИ по втор пат во клучен момент одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ


По втор пат и на сличен начин претседателот на Собранието, Талат Џафери, и ДУИ во клучни моменти одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ. Со постојано одолговлекување на закажувањето на седницата, со бескрајни координации и на крајот со прекинување на собраниската расправата уште пред таа воопшто да започне, Џафери синоќа купи уште еден ден за ВМРО-ДПМНЕ, чија цел е […]

Тешка артилерија на Мухамед Зекири против ДУИ


Неочекуваното, па дури и гневното прекинување на седницата на Собранието од страна на претседателот Талат Џафери, ја покажа комплицираната ситуација во владината коалиција дури и на неколку дена пред распуштањето на парламентот. Тирадата на Џафери за Фејсбук објавите, во кои тој (а и неговата партија) се најде особено погоден, пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, ја […]

Џафери неочекувано и гневно ја прекина седницата за Предлог-законот за ЈО


Уште практично непочната, седницата на која требаше да се расправа за Предлог – законот за јавно обвинителство и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители беше одложена за утре во 11 часот, откако тоа го соопшти собранискиот спикер Талат Џафери. За оваа седница за збор се јавија 30 […]

Се чека почеток на собраниската седница за Предлог – законот за Јавно обвинителство


По целодневно натегање, партиски пазарења и неизвесност околу обезбедување на неопходното двотретинско мнозинство, конечно вечерва за 21 часот, беше закажана собраниската седница на која на дневен ред се Предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители. И покрај тоа што дел од пратениците почнаа […]

Поради компликации од грип почина 14-годишно девојче


Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести поради компликации од грип, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје. Ова е прв смртен случај како последица на сезонскиот грип. Починатото девојче имало и други хронични заболувања, додаде д-р Кузмановска. Грипот зема замав. Така, минатата недела биле регистрирани 3.614 заболени од грип, […]

Даночната евазија ги стопила ефектите од прогресивниот данок за 51 отсто


Прогресивниот данок лани ги зголемил приходите во Буџетот од персонален данок на доход, но сепак, ефектите се значајно помали од можните поради даночната евазија. Ова се вели во новата Стратегија за реформа на даночниот систем 2020 – 2023, што ја подготви Министерството за финансии и која деновиве била презентирана пред научната и стручната јавност. Прогресивниот […]

Лазаров откри како ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите во општина Центар


Неколку години по почетокот на судењето за насилствата во општина Центар од 2013 година, полека се вообличува рамката како биле организирани и спроведени протестите. Томислав Лазаров, кој тогаш беше претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Центар и координатор на советничката група во општинскиот совет, на денешното рочиште објасни како се создавала инфраструкурата за протестите и […]

Премиерот Спасовски бара разрешување на министерката Мизрахи


Премиерот Оливер Спасовски побара да биде разрешена министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Предлогот за разрешувањето на Мизрахи е доставен до Собранието поради кршење на Уставот, информираат од Владата. „Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши […]

Предлог-законот за јавно обвинителство доби виза од Комисијата за европски прашања


Предлог-законот за јавно обвинителство го помина филтерот на собраниската Комисија за европски прашања. На денешната седница беше разгледуван и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, кој исто така доби виза од членовите на Комисијата кои одлучија двата предлог-закони да ги проследат во натамошна постапка. На седницата беше […]

СДСМ наспроти десниот популизам


НАНО РУЖИН За помалку од дваесетина години левицата и десницата во Северна Македонија целосно се трансформираа како во стратешко-идеолошка така и во кадровска смисла. Од  стекнувањето на независноста, левицата ја представуваше СДСМ, додека десницата се препознаваше низ идеолошката матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа еволуција не е исклучиво македонска. Слични партиски корелации се случуваат насекаде во Европа и […]

Продавачите на кафе во Градски парк ќе добијат нови локации


Град Скопје определи 21 локација каде што ќе може да се паркираат мобилни продавачи во Градскиот парк. Градските власти објавија јавен повик на кој сите заинтересирани за користење локации за поставување урбана опрема за продажба на кафе, сокови, храна, пуканки и слично ќе може да се пријават и да добијат една од локациите. Секој ќе […]

Македонија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО


Со постапка невообичаена за зовриената македонска политика, Собранието денеска едногласно го ратификуваше протоколот за членство во НАТО пред да се распушти во наредните денови. За ратификацијата гласаа 114 пратеници и со тоа заврши македонскиот пат за членството во Алијансата, а сега уште Шпанија треба да го ратификува протоколот и Македонија целосно да ја заврши целата […]

Седница на Собранието за ратификација на протоколот за НАТО (фото галерија)


Во Собранието во тек е седницата Собранието за ратификација на протоколот за НАТО. На неа присуствуваат 116 пратеници, гости од регионот, претседатели на високи државни институции, членови на дипломатскиот кор и други. Фото: Борис Грданоски  

Заев го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека им се заканува на пратеници


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конфренција објави дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ. како и дел од пратениците на партијата .вршат голем притисок врз некои од пратениците да не гласаат за законот за јавно обвинителство. Според него, тој притисок бил и десеткратно поголем од оној кога требаше да се гласаат уставните измени. Заев тврди […]