Граѓанин барал увид во анкетата за зонското во Аеродром, општината се прогласува за ненадлежна


Зонското паркирње во делови од Аеродром, како што се Реонски центар и Ново Лисиче, уште не е воведено, иако и на двата паркинга се исцртани паркинг-местата, а некаде има и табли со информации. Никнаа и знаци кои веќе се турнати…

Општина Аеродром, досега неколкупати го најавуваше и го одложуваше воведувањето зонско паркирање, а неговата оправданост ја темелеше врз наводно спроведена анкета меѓу граѓаните, кои барале да се воведе зонско, за да се спречи хаосот во паркирањето, на места каде веќе има повеќе возила од паркинг-места. 

Еден жител на оваа скопска општина решил да го искосристи правото да побара информации од јавен карактер и да ја добие на увид анкетата спроведена од Општина Аеродорм на оваа тема. Одговорот на Општина Аеродром е во најамала рака зачудувачки, затоа што се прогласи за ненадлежна.

„Од страна на Никола, кој на 10.10.2026 година испратил барање до Општина Аеродром, ЈП Градски паркинг Скопје (носител на зонското паркирање во Скопје) и Град Скопје за добивање на информација од јавен карактер, каде било наведено дека граѓаните на Општина Аеродром и Град Скопје бараат да им се достават во целост анкетите најавени и спроведени од Општина Аеродром за прифаќање на зонското паркирање во општината кои биле направени во последните десет години. Од страна на Општина Аеродром на ден 29.10.2026 г. е изготвено решение по истото барање, во кое се вели: „Решение на барањето за добивање на анкетите спроведени во Општина Аеродром, одговорот е дека зонското паркирање не е во надлежност на Општина Аеродром , иако барањето на информацијата не е во чија надлежност е зонското паркирање, туку достава на анкетите кои општината Аеродром ги спровела и преку кои истата општина добила дозвола преку тие анкети да спроведе зонско во делови на Општина Аеродром!“

Исто така, општината подолу го дава и следниот одговор: „Согласно член З став 1 алинеа 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (.Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019): „информација од јавен карактер“ е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности. Општина Аеродором ниту ја создала ниту располага со бараната информација.” Што значи дека Општина Аеродром признава дека не располага со бараната информација, а тоа е дека воопшто не постојат спроведени анкети на територија на општината за прифаќање на зонско паркирање“, заклучува граѓанин на Општина Аеродром, кој од извесниот Никола ги добил документите и ги објавува на Фејсбук страницата Општина Аеродром – Граѓанска патрола.

Медиумите уште од 2022 година известуваат за наводно спроведената анкета и за начинот на спроведување на зонското паркирање.

Зонското ќе стигне и до Ново Лисиче, општината подигнала само 15 хаварисани возила