Влада: Заштитата на жртвите е приоритет
Заштитата на жртвите е приоритет, а насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања, стои во соопштението на Владата, во кое се наведува дека веќе се работи на подобрување на постојните решенија и дека надлежните институции преземаат мерки во рамките на своите надлежности.
Од Владата посочуваат дека во овој процес особено е важен придонесот на стручната јавност и на организациите што секојдневно работат со жртвите на насилство.
– Сметаме дека на вака чувствителна тема јавната дебата треба да се води со особена одговорност. Препознатливите партиски пораки во дебатата за насилството ја отежнуваат соработката што им е потребна на жртвите, а политичкиот наратив го одвлекува вниманието од прашањето што треба да биде во средиштето на вниманието, а тоа е заштитата на жртвите – се наведува во соопштението.
Нагласуваат дека фокусот на јавната дебата треба да остане на заштитата на жртвите, наместо, како што велат, на политичките препукувања.
Денеска пред Владата се одржа протест во организација на Ниту една повеќе со присуство на стотици граѓани.