СДСМ и Движењето Беса договорија предизборна коалиција


Зајакнување на меѓуетничките вредности, рамноправен развој на целата територија на државата, давање еднаква можност на секој поединец, борба против криминалот и корупцијата на сите нивоа на власт и реформи во судството, се дел од принципите во Декларацијата за предизборна коалиција меѓу СДСМ и Движењето Беса која денес во Скопје ја потпишаа лидерите на СДСМ, Зоран […]

Влада: Граѓаните што биле во региони со корона вирус да се јават на телефоните на центрите за јавно здравје


Владата апелира сите граѓани што допатувале од регионите со официјална епидемија со корона вирусот задолжително да се јават на контакт телефоните на центрите за јавно здравје, соопшти владината прес-служба. „Сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти доколку во последните 2 […]

Корона вирус: Истрага во болниците во Италија од каде се рашири инфекцијата


Италијанските обвинители отворија истрага за процедурите усвоени од страна на болниците во регионот на Ломбардија во центарот на епидемијата на корона вирусот во Европа, откако се појавија извештаи дека лекарите првично го одложиле тестирањето на италијанскиот „супер-проширувачот“, дозволувајќи болеста да се развие брзо, вклучувајќи и надвор од границите на земјата. Бидејќи беа потврдени нови случаи […]

Заболената жена има лесна форма на корона вирусот


Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва изјави дека состојбата на заболената 50-годишна жена е добра. „Има лесна форма на инфекцијата само на едното белодробно крило и дише нормално без апарати“, изјави Филипче на прес-конференција во Владата. Тој соопшти дека се идентификувани се сите патници во комбето кое стигнало од Италија, осум лица плус возачот. Тие […]

Жена родена во 1970 година е првата заболена од КОВИД 19 во Македонија


  На Клиниката за инфективни болести во Скопје е регистриран првиот случај на корона вирус во Македонија, потврдија на прес конференција премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје. Станува збор за женско лице родено во 1970 година од регионот на Скопје, кое подолго време престојувало […]

Прв случај на корона вирус во Македонија


На Клиниката за инфективни болести во Скопје е регистриран првиот случај на коронавирусот во Македонија, потврдија од Министерството за здравство. Претходно Дојче веле јави дека станува збор за лице кое пред неколку дена пристигнало од Италија. Министерот за здравство Венко Филипче во текот на денот изјави дека вкупно три лица биле тестирани за корона вирус […]

Националните телевизии се кренаа против кабелските оператори


Петте домашни телевизии со национална концесија, здружени во Македонската медиумска асоцијација, денес се спротивставија на најавата на кабелските оператори организирани во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, дека ќе го исклучат реемитувањето на сите телевизиски канали, освен на јавниот радиодифузен сервис. Претставниците на Телма, Канал 5, Сител, Алфа и Алсат, ја нарекоа ваквата најава апсурдна, бидејќи тие […]

Колку е опасен корона вирусот за Европа


Според официјалните бројки, од почетокот на појавата на коронавирусот има над 81.000 заразени во 41 земја и територии, а досега умреле околу 2.700 луѓе. Сепак, речиси една третина од заболените се целосно закрепнати од инфекцијата, која е предизвикана од вирусот Сарс-КоВ-2 и го носи службеното име Ковид-19. На крајот на февруари, Европската Унија се соочува […]

Наместо со митинзи кампањата почна со протести пред судот


На сличен начин како пред повеќе од две години, кога влезе во лидерскиот кабинет во „белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ, така и сега Христијан Мицкоски влегува во ова клучно предизборие за понатамошниот тек на неговата кариера – со излегување на улица. Во 2017 година, Мицкоски го замени Никола Груевски на чело на  протестите што речиси секојдневно […]

Мицкоски како полит-комесар: побара обвинение против Заев


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот протестен марш на опозицијата побара да се покрене обвинение за Зоран Заев за да одговарал за „злоупотреба на службена должност и попречување на правдата и понижување на државата“. Повеќе илјади приврзаници на партијата маршираа од зградата на Јавното обвинителство до комплексот судови во Скопје барајќи правда во државава. […]

Влада: Училиштата да ги одложат екскурзиите во Италија


Владата донесе одлука да ги задолжи сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, како и да организира едукативни часови за превенција од корона вирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје. На граѓаните на земјата им се препорачува да не […]

Повторно ТВ војна врз грбот на граѓаните – ќе може да се гледа само јавниот сервис


Реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските оператори ќе биде прекинато, едногласно одлучи Здружението на информатичко-комуникациски технологии, каде што се обединети сите оператори. Операторите ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Ваквата одлука на Здружението на информатичко-комуникациски технологии се должи на новите измени на Законот за аудио […]

Активирана кризна група за корона вирусот


Во Министерството за здравство од денес почна да функционира кризна група, во која членуваат експерти од областа на епидемиологијата, инфективните болести, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Целта е менаџирање на сите информации и активности во врска со случаите со корона вирусот, потенцијално доколку ги има, координација на сите активности и со другите институции и […]

Денешни факти за ширењето на корона вирусот


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе бара 2,5 милијарди долари од Конгресот за борба против епидемијата на корона вирусот – Хубеи имаше 499 нови потврдени случаи на 24 февруари. Континетална Кина пријави 508 нови случаи, што е повеќе од 409 на 23 февруари, со што вкупниот број се искачи на 77.658. – Италија во понеделникот […]

Милошоски ги советува обвинителите како да ја водат истрагата


Откако во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предаде втората „бомба“, на која се слуша доскорешниот премиер Зоран Заев, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски им даде неколку совети на овинителите како да ја воделе истрагата. ,,Мое мислење е дека најдобро би било обвинителството да го повика господинот Заев да каже кој бил со […]

Ќе му успее ли на Заев коалиција каква што не му успеа на Црвенковски?


Две и пол седмици пред рокот за доставување на кандидатските листи за пратеници во ДИК, СДСМ е во обид да ја прошири  коалицијата  со партии од албанскиот блок. Можното коалицирање на СДСМ со некогаш ривалската ДПА и со опозициската Беса, или барем со една од овие партии би значело прва етнички-мешана коалиција на парламентарни избори. […]

Земјите од Западен Балкан сакаат повеќе инвестиции и отворени граници


Премиерите на земјите од Западен Балкан денес во Лондон се заложија за отворени граници и за поголеми инвестиции во нивните економии. Во рамките на четвртиот по ред Инвестициски самит ЕБОР 2020 што го организира Европската банка за обнова и развој, учествуваат премиерите на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово. На […]

Прекинат и карневалот во Венеција поради страв од корона вирусот


Италија денес го прекина одржувањето на карневалот во Венеција поради стравувањата од корона вирусот. „Наредбата е оперативна веднаш и ќе стапи на сила на полноќ“, соопштија регионалните власти на Венето, во чија област ја вклучува и Венеција. Карневалот, кој привлекува десетици илјади посетители, требаше да трае до вторник. Автобусите, возовите и другите видови јавен превоз […]

Еден род, една партија – научил ли Мицкоски нешто од грешките на Груевски


Откако на изборите во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ , тогаш предводена од Никола Груевски, се „лизна“ со Тиранската платформа и целосно го уништи својот коалициски капацитет и потоа замина во опозиција,  денеска истата партија, но под палката на Христијан Мицкоски, повторно е на тенок мраз кога е во прашање темата не меѓуетничките односи и нивната промоција […]

Италија воведе вонредни мерки поради корона вирусот, 50 илјади луѓе се во карантин


Десетина градови во италијанските северни региони Ломбардија и Венето беа ставени во карантин, а околу од 50.000 луѓе беше побарано да останат дома. Ова се дел од „вонредни мерки“ што се воведени во Италија во обид да се справи со најголемото ширење на корона вирусот во Европа. Италијанскиот премиер Џузепе Конте го објави планот доцна […]