Џафери неочекувано и гневно ја прекина седницата за Предлог-законот за ЈО


Уште практично непочната, седницата на која требаше да се расправа за Предлог – законот за јавно обвинителство и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители беше одложена за утре во 11 часот, откако тоа го соопшти собранискиот спикер Талат Џафери. За оваа седница за збор се јавија 30 […]

Се чека почеток на собраниската седница за Предлог – законот за Јавно обвинителство


По целодневно натегање, партиски пазарења и неизвесност околу обезбедување на неопходното двотретинско мнозинство, конечно вечерва за 21 часот, беше закажана собраниската седница на која на дневен ред се Предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители. И покрај тоа што дел од пратениците почнаа […]

Поради компликации од грип почина 14-годишно девојче


Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести поради компликации од грип, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје. Ова е прв смртен случај како последица на сезонскиот грип. Починатото девојче имало и други хронични заболувања, додаде д-р Кузмановска. Грипот зема замав. Така, минатата недела биле регистрирани 3.614 заболени од грип, […]

Даночната евазија ги стопила ефектите од прогресивниот данок за 51 отсто


Прогресивниот данок лани ги зголемил приходите во Буџетот од персонален данок на доход, но сепак, ефектите се значајно помали од можните поради даночната евазија. Ова се вели во новата Стратегија за реформа на даночниот систем 2020 – 2023, што ја подготви Министерството за финансии и која деновиве била презентирана пред научната и стручната јавност. Прогресивниот […]

Лазаров откри како ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите во општина Центар


Неколку години по почетокот на судењето за насилствата во општина Центар од 2013 година, полека се вообличува рамката како биле организирани и спроведени протестите. Томислав Лазаров, кој тогаш беше претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Центар и координатор на советничката група во општинскиот совет, на денешното рочиште објасни како се создавала инфраструкурата за протестите и […]

Премиерот Спасовски бара разрешување на министерката Мизрахи


Премиерот Оливер Спасовски побара да биде разрешена министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Предлогот за разрешувањето на Мизрахи е доставен до Собранието поради кршење на Уставот, информираат од Владата. „Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши […]

Предлог-законот за јавно обвинителство доби виза од Комисијата за европски прашања


Предлог-законот за јавно обвинителство го помина филтерот на собраниската Комисија за европски прашања. На денешната седница беше разгледуван и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, кој исто така доби виза од членовите на Комисијата кои одлучија двата предлог-закони да ги проследат во натамошна постапка. На седницата беше […]

СДСМ наспроти десниот популизам


НАНО РУЖИН За помалку од дваесетина години левицата и десницата во Северна Македонија целосно се трансформираа како во стратешко-идеолошка така и во кадровска смисла. Од  стекнувањето на независноста, левицата ја представуваше СДСМ, додека десницата се препознаваше низ идеолошката матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа еволуција не е исклучиво македонска. Слични партиски корелации се случуваат насекаде во Европа и […]

Продавачите на кафе во Градски парк ќе добијат нови локации


Град Скопје определи 21 локација каде што ќе може да се паркираат мобилни продавачи во Градскиот парк. Градските власти објавија јавен повик на кој сите заинтересирани за користење локации за поставување урбана опрема за продажба на кафе, сокови, храна, пуканки и слично ќе може да се пријават и да добијат една од локациите. Секој ќе […]

Македонија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО


Со постапка невообичаена за зовриената македонска политика, Собранието денеска едногласно го ратификуваше протоколот за членство во НАТО пред да се распушти во наредните денови. За ратификацијата гласаа 114 пратеници и со тоа заврши македонскиот пат за членството во Алијансата, а сега уште Шпанија треба да го ратификува протоколот и Македонија целосно да ја заврши целата […]

Седница на Собранието за ратификација на протоколот за НАТО (фото галерија)


Во Собранието во тек е седницата Собранието за ратификација на протоколот за НАТО. На неа присуствуваат 116 пратеници, гости од регионот, претседатели на високи државни институции, членови на дипломатскиот кор и други. Фото: Борис Грданоски  

Заев го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека им се заканува на пратеници


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конфренција објави дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ. како и дел од пратениците на партијата .вршат голем притисок врз некои од пратениците да не гласаат за законот за јавно обвинителство. Според него, тој притисок бил и десеткратно поголем од оној кога требаше да се гласаат уставните измени. Заев тврди […]

Стационарот на Лајка ќе има 24-часовна помош за граѓани кои ќе бидат каснати од куче


Советот на Скопје расправа за Програмата за хуман третман и благосостојба на животните скитници на јавното претпријатие Лајка, според која во стационарот ќе има ветеринарна служба и 24-часовна помош за граѓани кои ќе бидат каснати од куче. Новата програма предвидува освен со ушна маркица, кучињата да бидат обележани и со микрочип и за секоја единка […]

Што е подобро да изберете – тиранин или олигарх


РОБЕРТ РАЈХ Не го видовме неговото име на ниту едно од гласачките ливчиња во првите четири американски држави, но тоа ќе се промени. Зборувам, се разбира, за мултимилијардерскиот претседателски кандидат Мајкл Блумберг. Блумберг има шанса да го освои претседателството затоа што неговата нето вредност е повеќе од 60 милијарди американски долари. Годишниот поврат на 60 […]

Собранието во драматичен финиш да го усвои заканот за обвинителството


Во денешниот пренапрегнат политички ден кога треба да се ратификува протоколот за НАТО, кога италијанскиот министер за надворешни работи Луиѓи ди Мајо треба да разговара со лидерите на политичките партии, во 13 часот треба да почне седницата на Комисијата за европски прашања, која треба да ги разгледа законите за јавно обвинителство и за Совет на […]

Пратениците ќе го ратификуваат Северноатлантскиот договор, знамето на НАТО ќе се виори пред Собранието


Пратениците во Собранието денеска се очекува да го донесат законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој ќе стапи на сила откако и Шпанија ќе го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Шпанија, како што е познато, поради внатрешните политички околности е последната земја членка на НАТО што го нема ратификувано овој протокол. […]

По усогласувањата седницата на Собранието би требало да почне вечерва


Долгото одолговлекување на почетокот на собраниската седница за јавното обвинителство, наводно, било поради техничките усогласувања околу времето на стапување во сила на овој закон, а не поради политички проблеми, велат извори од СДСМ. Според истите информации собраниската седница, сепак треба да почне во текот на вечерта, иако се уште не се знае кога точно. По […]

Хичкоковски заплет за законот за јавно обвинителство


Ништо не е готово додека не е готово. Седницата на Собранието, на која ќе се расправа за законот за јавно обвинителство е закажана за 17 часот, но дали ќе почне тогаш и дали Владата има обезбедено 80 гласови за него никој не може да каже. Откако Владата го пушти предлог-законот во собраниска процедура се јавија […]

Возбудлива публикација – „Од Букурешт до Преспа“


Сведоштвата некогаш значат потсетување, а некогаш и опомена за да не се повтори некое поминато време. Публикацијата „Од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008-2018“ во издание на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ), што денеска беше промовирана во Скопје ги има во себе тие две цели: да се наврати на годините во […]

Законот за јавно обвинителство од владин влезе во собраниски фото финиш


Владата доцна синоќа го утврди текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство за кој е одлучено да оди на усвојување во Собранието на Македонија по скратена постапка. Новина во Предлог-законот е изборот на јавен обвинител во обвинителството за организиран криминал и корупција кој ќе се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање […]