Заев: „Мицкоски треба да се срамите од моите лузни“. Мицкоски: „Заев, ќе одговарате“


Во вечерашниот тв-дуел меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, дел од дебатата беше за настаните на 27 април 2017 година. „Јас бев нападнат, со лузни сум на челото, и вие треба да се срамите од тоа, бевте во толпата која влезе во Собранието“.

Мицкоски не одговори дали има некаква емпатија за страдањата на Заев во Собранието, туку рече дека тоа треба да го праша човекот кој ја отворил собраниската врата на 27 април. Мицкоски веројатно мислеше на тогашниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Муковски.

Околу Законот за јавно обвинителство Мицкоски рече: „Јас ве гледам директно во очи… ќе одговарате“.