Денешни факти за корона вирусот


Стравувањата од ширењето на корона вирусот предизвикаа рекордно паѓање на берзата во САД, а аналитичарите предупредуваат дека епидемијата може да предизвика економски хаос во обем што не е виден од финансиската криза во 2008 година.

Индустрискиот индекс „Дау Џонс“ го доживеа својот најлош пад во еден ден – 1.190 поени – губејќи 4,4 проценти, поради стравувања од глобална пандемија, што ја погоди довербата на инвеститорот.

Економијата на Кина ќе се намали во првиот квартал од оваа година и покрај забавувањето на бројот на нови случаи на вируси. Влијанието врз домашната побарувачка и меѓународните синџири на снабдување ќе има длабок ефект врз глобалниот изглед.

  • Вирусот сега се прошири во околу 49 земји. Нов Зеланд, Белорусија, Литванија и Нигерија (првиот случај во суб-сахарска Африка ги пријавија своите први случаи во последниот ден. Многумина се поврзани со патници од Иран.
  • Советот за безбедност на ОН одлучи да укине некои економски санкции кон Северна Кореја за да и помогне да се справи со вирусот – за кој сè уште вели дека нема случаи.
  • Сите патници и членови на екипажот сега се надвор од крузерот „Дијамантска принцеза“.
  • Способноста на потпретседателот на САД, Мајк Пенс да го води одговорот на земјата на вирусот, е доведена во прашање од експерти.
  • Училиштата и канцелариите на Обединетото Кралство би можеле да затворат до два месеци ако земјата е погодена од пандемија.
  • Дизниленд во Токио ќе биде затворен до средината на март.
  • „Хјундаи“ го прекина производството во својата фабрика во Улсан.