Прв случај на корона вирус во Македонија


На Клиниката за инфективни болести во Скопје е регистриран првиот случај на коронавирусот во Македонија, потврдија од Министерството за здравство.

Претходно Дојче веле јави дека станува збор за лице кое пред неколку дена пристигнало од Италија.

Министерот за здравство Венко Филипче во текот на денот изјави дека вкупно три лица биле тестирани за корона вирус на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип. Кај двете од нив резултатите се негативни, а за третото се чекаат резултатите. Според министерот, станува збор за македонски граѓани што изминатиов период патувале во Италија, а на Инфективната клиника се пријавиле сами

Во Владата во тек е прес конференција на која зборуваат премиерот Оливер Спасовски, министерот Филипче и првиот човек на Институтот за јавно здравје, д-р Жарко Караџовски.