Денешни факти за ширењето на корона вирусот


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе бара 2,5 милијарди долари од Конгресот за борба против епидемијата на корона вирусот

– Хубеи имаше 499 нови потврдени случаи на 24 февруари. Континетална Кина пријави 508 нови случаи, што е повеќе од 409 на 23 февруари, со што вкупниот број се искачи на 77.658.

– Италија во понеделникот стана нов фронт во борбата против коронавирусот со 220 случаи пријавени од само три во петокот. Бројот на починати изнесува седум.

– Италија можеби ќе треба да ја повика Европската Унија да понуди олабавување на буџетските цели заради корона вирусот, изјави во вторникот висок официјален претставник.

– Италијанските власти ги затворија најтешко погодените градови, затворија училишта и го запреа карневалот во Венеција, каде имаше два случаи.

– Европскиот парламент го советуваше персоналот да се изолира доколку патувале во региони погодени од вирусот во Северна Италија во последните 14 дена.

– Кувајт, Бахреин, Оман, Авганистан и Ирак ги пријавиле своите први вирусни случаи, сите кај луѓе кои биле во Иран каде што бројот на жртвите е 15 мртви. Повеќето од иранските инфекции се во шиитскиот свет град Ком.

– Бројот на случаи на коронавирус во Јужна Кореја се зголеми на 893 во вторникот. Здравствените власти соопштија дека планираат да тестираат повеќе од 200.000 припадници на една црква во епицентарот на епидемијата.

– Властите во Веихаи во источна Кина соопштија во вторникот дека ќе ги ставаат во карантин луѓето кои пристигнуваат од Јапонија и Јужна Кореја од 25 февруари на 14 дена.

– Корона вирусот сè уште може да се победи, соопшти Светската здравствена организација, инсистирајќи на тоа дека е прерано да се прогласи за пандемија, иако има потенцијал да го достигне тоа ниво.

– Кинеските региони за кои се смета дека се со низок ризик треба целосно да продолжат со нормалните активности и да стават крај на забраните за транспорт, изјави во вторникот државен службеник за планирање.

– Највисокиот законодавен дом на Кина соопшти дека веднаш ќе забрани трговија и потрошувачка на диви животни, во брза одлука за која се вели дека ќе и овозможи на земјата да ја победи битката против вирусот.

– Италијанец тестиран позитивно стана трет случај на корона вирус во Шпанија.

– Хотел на Канарските Острови е ставен под целосен карантин откако кај еден од неговите гости беше откриен вирусот.

– Надвор од Кина, епидемијата се рашири на околу 29 земји и територии.

– Хонг Конг ја продолжи суспензијата на училиштата до најмалку 20 април, соопштија властите во вторникот.

– Ирак, кој во четвртокот објави нови четири случаи, забранил патници кои доаѓаат од Кина, Иран, Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Италија и Сингапур.

– Катар ќе побара од патниците од Иран и Јужна Кореја да останат во домашна изолација или во карантин 14 дена, соопшти во понеделникот „Катар ервејс“. (Ројтерс)