Предлог-законот за јавно обвинителство доби виза од Комисијата за европски прашања


Предлог-законот за јавно обвинителство го помина филтерот на собраниската Комисија за европски прашања. На денешната седница беше разгледуван и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, кој исто така доби виза од членовите на Комисијата кои одлучија двата предлог-закони да ги проследат во натамошна постапка. На седницата беше …

Предлог-законот за јавно обвинителство доби виза од Комисијата за европски прашања Read More »

НБМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на 2 отсто


Каматната стапка на благајничките записи на Народната банка на Македонија ќе се задржи на нивото од 2 отсто, одлучи вчера Комитетот за оперативна монетарна политика на НБМ. „Споредбата на најновите макроекономски показатели за домашната економија со нивната проектирана динамика во рамки на октомврискиот циклус проекции не упатува на позначителни отстапувања во одделните сегменти од економијата“, …

НБМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на 2 отсто Read More »

Продавачите на кафе во Градски парк ќе добијат нови локации


Град Скопје определи 21 локација каде што ќе може да се паркираат мобилни продавачи во Градскиот парк. Градските власти објавија јавен повик на кој сите заинтересирани за користење локации за поставување урбана опрема за продажба на кафе, сокови, храна, пуканки и слично ќе може да се пријават и да добијат една од локациите. Секој ќе …

Продавачите на кафе во Градски парк ќе добијат нови локации Read More »

СДСМ: Само Мицкоски не аплаудираше за членството во НАТО


„Сите се радуваат и честитаат горди на успехот на својата татковина, ратификацијата на Договорот за членство во НАТО. Само извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски не!“, порачаа од СДСМ. Од партијата на Зоран Заев потсетуваат дека единствено претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не аплаудирал на денешната седница на која беше усвоен Законот за ратификација на Протоколот …

СДСМ: Само Мицкоски не аплаудираше за членството во НАТО Read More »

Светската фабрика е сè уште затворена


„Тоа е како Европа во средновековно време“, вака Јорг Вутке, претседателот на Европската стопанска комора во Кина ја опишува актуелната состојба во втората по големина светска економија, која е погодена од корона вирусот. „Во секој град се вршат проверки и прегледи“, ја пренесува неговата изјава за „Њујорк тајмс“, порталот аксиос.ком. Кинеските компании се едни од …

Светската фабрика е сè уште затворена Read More »

Седница на Собранието за ратификација на протоколот за НАТО (фото галерија)


Во Собранието во тек е седницата Собранието за ратификација на протоколот за НАТО. На неа присуствуваат 116 пратеници, гости од регионот, претседатели на високи државни институции, членови на дипломатскиот кор и други. Фото: Борис Грданоски  

Наместо овошни кашички, извезуваме свежи праски


Во земјоделско-прехранбениот сектор има барем 20-30 производи од конзервната, пекарската индустрија, како и во делот на преработка на овошје, мед и тн. кои имаат потенцијал да го зголемат извозот на овој сектор и на македонската економија во целина, истакна денес д-р Дарко Лазаров. Како пример, тој нагласи дека наместо кашички за деца од праски, крушки …

Наместо овошни кашички, извезуваме свежи праски Read More »

Стационарот на Лајка ќе има 24-часовна помош за граѓани кои ќе бидат каснати од куче


Советот на Скопје расправа за Програмата за хуман третман и благосостојба на животните скитници на јавното претпријатие Лајка, според која во стационарот ќе има ветеринарна служба и 24-часовна помош за граѓани кои ќе бидат каснати од куче. Новата програма предвидува освен со ушна маркица, кучињата да бидат обележани и со микрочип и за секоја единка …

Стационарот на Лајка ќе има 24-часовна помош за граѓани кои ќе бидат каснати од куче Read More »

Пратениците ќе го ратификуваат Северноатлантскиот договор, знамето на НАТО ќе се виори пред Собранието


Пратениците во Собранието денеска се очекува да го донесат законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој ќе стапи на сила откако и Шпанија ќе го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Шпанија, како што е познато, поради внатрешните политички околности е последната земја членка на НАТО што го нема ратификувано овој протокол. …

Пратениците ќе го ратификуваат Северноатлантскиот договор, знамето на НАТО ќе се виори пред Собранието Read More »

По усогласувањата седницата на Собранието би требало да почне вечерва


Долгото одолговлекување на почетокот на собраниската седница за јавното обвинителство, наводно, било поради техничките усогласувања околу времето на стапување во сила на овој закон, а не поради политички проблеми, велат извори од СДСМ. Според истите информации собраниската седница, сепак треба да почне во текот на вечерта, иако се уште не се знае кога точно. По …

По усогласувањата седницата на Собранието би требало да почне вечерва Read More »

Чулев контра одлуката на Владата за поништување на 89 решенија за прераспоредување


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ги известил вработените во МВР да продолжат „без никакви притисоци и совесно и одговорно да ги извршувате работните задачи и обврски“, со што практично застана контра одлуката на Владата која синоќа поништи 89 решенија за распоредување на работно место од 6 и 7 февруари годинава. Во известувањето, министерот  наведува …

Чулев контра одлуката на Владата за поништување на 89 решенија за прераспоредување Read More »

Младите до 23 години може да аплицираат за месечен додаток од 3.000 денари


Младите лица до 23 години од денес можат да аплицираат за младински додаток, во центрите на вработување. Законот за младински додаток е објавен во „Службен весник“ и веднаш влегува во сила, соопшти Министерството за труд и социјална политика. „Со младинскиот додаток ги поттикнуваме младите лица да се вклучат на пазарот на труд. Мерката се однесува …

Младите до 23 години може да аплицираат за месечен додаток од 3.000 денари Read More »

Владата поништи 89 решенија на министерот Наќе Чулев за распоредување во МВР


Владата синоќа поништи 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари оваа година. Во владиното соопштение од синоќешната седница не се прецизираат причините за ваквата одлука, туку само се наведува дека таа била донесена врз основа на Законот за Влада. Во …

Владата поништи 89 решенија на министерот Наќе Чулев за распоредување во МВР Read More »

Законот за јавно обвинителство од владин влезе во собраниски фото финиш


Владата доцна синоќа го утврди текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство за кој е одлучено да оди на усвојување во Собранието на Македонија по скратена постапка. Новина во Предлог-законот е изборот на јавен обвинител во обвинителството за организиран криминал и корупција кој ќе се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање …

Законот за јавно обвинителство од владин влезе во собраниски фото финиш Read More »

За почист воздух и помалку пожари, повисоки субвенции за чистење оџак


Градот Скопје и годинава ќе го субвенционира чистењето на оџаците на домаќинствата како една од мерките за почист воздух, но и за намалување на опасноста од појава на пожари. Градските власти веќе го објавија јавниот повик во кој нудат повисока субвенција за сите кои ќе ги исчистат оџаците. Граѓаните и фирмите годинава ќе можат да …

За почист воздух и помалку пожари, повисоки субвенции за чистење оџак Read More »

Заев: Постигната основа за носење на Закон за јавно обвинителство


Вечерва е постигната доволно добра основа за да почне процедурата за носење Закон за јавно обвинителство, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот фејсбук профил. Тој очекува Владата вечерва да го усвои предлог-текстот на Законот за кој, како вели била постигната широка политичка согласност. „После усвојувањето од страна на Владата, Законот треба да оди …

Заев: Постигната основа за носење на Закон за јавно обвинителство Read More »

Обезбедено двотретинско мнозинство за законот за Јавно обвинителство?


Власта обезбеди 80 гласови за законот за Јавно обвинителство, јави вечерва Телма, повикувајќи се на владини извори. Претходно, Владата најави дека вечерва, со почеток во 22 часот, ќе одржи седница на која на дневен ред ќе биде законот за Јавното обвинителство. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во текот на денот изјави дека е можно …

Обезбедено двотретинско мнозинство за законот за Јавно обвинителство? Read More »

Заев: Датум за преговори што поскоро за нас е клучно, јасната европска перспектива ќе ја врати довербата во евроинтеграцискиот процес


,Доделувањето на датум за преговори што е можно поскоро, за нас ќе направи огромна разлика. Имаме целосна доверба дека лидерите на земјите членки ќе смогнат сили, ќе преземат одговорност и ќе ни дадат јасна европска перспектива, со што ќе ја вратат довербата во евроинтеграцискиот процес’’, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на конференцијата од политичката …

Заев: Датум за преговори што поскоро за нас е клучно, јасната европска перспектива ќе ја врати довербата во евроинтеграцискиот процес Read More »

Министерот Димитров бара Мизрахи да биде разрешена од функцијата поради непочитување на Уставот


Министерот за надворешни работи Никола Димитров најави дека ќе му предложи на техничкиот премиер Оливер Спасовски да достави предлог за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи поради тоа што таа вршејќи ја својата функција не го почитува Уставот на Република Северна Македонија. – Не може министер во Влада да не го …

Министерот Димитров бара Мизрахи да биде разрешена од функцијата поради непочитување на Уставот Read More »

Заев: Едно општество за сите значи и еднаков развој на локалните самоуправи


„Едно општество значи и еднаков развој на локалните самоуправи. Тоа е нашиот концепт за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани кој дава реални резултати“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев при денешниот увид на изградба на канализационата мрежа во Општина Арачиново. Тој нагласи дека Арачиново е пример за тоа што навистина значи концептот …

Заев: Едно општество за сите значи и еднаков развој на локалните самоуправи Read More »