СДСМ: Само Мицкоски не аплаудираше за членството во НАТО


„Сите се радуваат и честитаат горди на успехот на својата татковина, ратификацијата на Договорот за членство во НАТО. Само извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски не!“, порачаа од СДСМ.

Од партијата на Зоран Заев потсетуваат дека единствено претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не аплаудирал на денешната седница на која беше усвоен Законот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО.

„Ова е голем успех за СДСМ и за претседателот Зоран Заев,  но и голем пораз за политиките на Мицкоски и Груевски за изолација и враќање назад“, оценуваат од СДСМ.