Владата поништи 89 решенија на министерот Наќе Чулев за распоредување во МВР


Владата синоќа поништи 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари оваа година.

Во владиното соопштение од синоќешната седница не се прецизираат причините за ваквата одлука, туку само се наведува дека таа била донесена врз основа на Законот за Влада.

Во изминатиот период, од назначувањето на Чулев за технички министер, во повеќе наврати имаше меѓусебни обвинувања за кадровските решенија во МВР.