По усогласувањата седницата на Собранието би требало да почне вечерва


Во случај изборите да се одржат на 28 јуни новиот собраниски состав би се конституирал околу 18 јули. Според тоа, Северна Македонија, најверојатно, ќе заокружи најмалку пет месеци без функционален парламент

Долгото одолговлекување на почетокот на собраниската седница за јавното обвинителство, наводно, било поради техничките усогласувања околу времето на стапување во сила на овој закон, а не поради политички проблеми, велат извори од СДСМ. Според истите информации собраниската седница, сепак треба да почне во текот на вечерта, иако се уште не се знае кога точно.
По повлекувањето на законот од собраниската процедура поради „техничките усогласувања“ од Владата е вратен во праламентот. Што во него е изменето ќе треба да се знае многу скоро.
Целиот ден во Собранието се претвори во своевиден хичкоковски заплет во кој настаните се менуваа од минута во минута, се испорачуваа нови барања од оние што требаше да го поддржат, а владејачката СДСМ се обидуваше да ја најде нишката што ќе ги поврзе сите пратеници што треба да го поддржат законот.